Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Risi  |  14 Shk 2022
Посета на Министерот за правда д-р. Никола Тупанчески во Основен суд Велес

Денес, Министерот за правда д-р Никола Тупанчески придружуван од Заменикот Претседател на Советот за ИКТ во правосудните органи д-р Гордана Лажетиќ, оствари работна посета на Основниот суд Велес во рамки на која имаше можност да ги запознае условите во кои работи судот, како и да ги пренесе активностите што ќе следат во рамки на реформите на правосудниот систем, посебно на започнатиот процес за дигитализација во судството.

На средбата присуствуваа претседателот на судот Лидија Димова, заменикот претседател и претседател на Кривичниот оддел судија Габриела Гајдова и претседателот на Граѓанскиот оддел судија Александар Шопов со кои беа разменети мислења за текот на реформите во правосудниот систем во Република Северна Македонија, потребите на Основниот суд Велес во однос на процесот на дигитализација, предизвиците кои претстојат, имплементацијата на овој процес и подготвеноста на судиите и судската служба во нивно брзо имплементирање, како би се постигнале европските стандарди во областа на владеење на правото .

Работната посета заврши со запознавање на Министерот за правда и заменикот претседател на Советот за ИКТ во правосудните органи со човечките ресурси во судот, просторните и технички можности, особено на судниците во кои се очекува оваа година да се отпочне со нивно техничко и ентериерно уредување.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_