Интерен оглас бр.02/2020 за унапредување на судски службеници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас бр.02/2020 за унапредување на судски службеници

Новости  |  21.12.2020
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС, врз основа на член  20,  член 39 , член 40 став 1  и член 43 став 4 од Законот за судскаа служба („Сл.весник на РСМ” бр. 43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016, 198/19, 248/2018), согласност од Министерство за финасии бр.18-5766/2 од 19.10.2020 година, Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РСМ“ бр. 275/2020), Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Велес (Пречистен текст) СУ-04.бр.2/19 од 04.01.2019 година и Правилник за дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Велес СУ-04.бр.2-4/19 од 18.12.2020 година, објавува
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.02/2020
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ 
 
Се објавува интерен оглас за унапредување на судски службеник за работно место:
 
            Раководител на одделение за информатика ..................... 1 (еден) извршител
             шифра на работното место СУД 01 01 Б04 004
 
            Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
             -  најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен факултет од областа на информатиката или Електротехнички факултет.
 
             - најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката
            - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски)
            - Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
 
            На интерниот оглас може да се пријават судски службеници од Основен суд Велес кои ги исполнуваат и следните услови:
            - да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување,
 
             - да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
             - да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и
             - да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
            Работно време: од понеделник до петок  од  7.30  до 15.30 часот.
            Работни часови неделно: 40
 
            Платата (за образование и за ниво и звање) за работоното место во нето износ изнесува 31.068,00 денари.
            Кон пријавата кандидатите може да ги приложат и следните докази:
            - потврди за успешно реализирани обуки и/или
            - потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран судски службеник)
            Рок за пријавување на огласот изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот на огласот на веб станата на судот.
            Кандидатите  пополнетата пријава  со доказите за податоците содржани во пријавата,  во хартиена форма ја доставуваат на приемната писарницана Основен суд Велес со назнака „за Интерен оглас“.
            Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
            Ненавремена, нецелосна и неуредна пријава, како и пријава во која кандидатот внел лажни податоци нема да се разгледува и кандидатот ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка.
 
 
 
                                                                                                 ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_