Протокол за спроведување на мерки за заштита од Ковид-19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Протокол за спроведување на мерки за заштита од Ковид-19

News  |  Oct 28, 2020
Основниот суд Велес во согласност со препораките на Светската здравствена организација, мерките и протоколите на Здравствените власти во земјава за спречување на вирусот Ковид – 19, како и Одлуката на Судскиот совет на РСМ за постапување на судовите во услови на зголемена опасност во време на пандемија бр.02-606/1 од 17.03.2020 година, Одлуката за Измена на Одлуката бр.02-606/1 од 17.03.2020 година Одлуката за измена и дополнување на Одлуката бр.02-606/1 од 17.03.2020 година од 07.05.2020 година, Известувањето од Судскиот совет на РСМ бр.03-1652/1 од 26.10.2020 година и Протоколот за спроведување на мерки за заштита од Ковид -19 изработен од Здружението на судии на РСМ *, го донесе објавува следниот:

ПРОТОКОЛ

за спроведување на мерки заштита од Ковид-19


 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

1.1 Телесна температура

- согласно здраствените стандарди, нормална телесна температура кај лице, се смета температура од 36 до 37 C со која слободно може да се влезе во судската зграда;

- на секое лице на кое при влегување во судската зграда ќе му се измери телесна температура од 37.1 до 37.2 C му се укажува дека треба да почека 15-20 минути, за повторно да му/и се мери температура (можност од евентуално телесно загревање од самото доаѓање до судската зграда) и доколку по второто мерење се констатира нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе во судската зграда;

- на секое лице на кое при влегување во судската зграда ќе му се измери телесна температура над 37.3 C, не му се дозволува влез во судската зграда;

- сите вработени и странки се должни во случај на покачена телесна температура или здравствени проблеми и сомнежи на респираторна инфекција, веднаш да се јават на својот матичен лекар;

1.2 Средства за дезинфекција

- средства за дезинфекција кои соджат најмалку 70% алкохол (за дезинфекција на рацете и чевлите) со назнака за задолжително дезинфицирање се поставуваат пред влезовите во судската зграда и во судниците;

1.3 Заштитни маски

- носењето на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето е задолжително за сите вработени и странки кои се наоѓаат во било која просторија во судската зграда;

- доколку вработените или странките при влезот во судската зграда не носат хигиенска заштитна маска на истите нема да им се дозволи влез во зградата.

1.4 Социјална дистанца

- одржувањето на социјална дистанца (нема ракување, прегрнување или било каков друг контакт) и држење растојание (физичка дистанца) која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица е задолжително во сите простории во судската зградата, за што судот дополнително ќе обезбеди самолепливи, или други знаци и истите повторно ќе се постават хоризонтално и вертикално во објектот на судот.

1.5 Електронска комуникација

- се охрабруваат странките своите поднесоци да ги доставуваат електронски на е-маил: kontakt@osveles.mk, а доколку немаат технички услови за тоа, поднесоците и барањата да ги испраќаат исклучиво по пошта;

- се охрабруваат странките за помош да ги користат службените телефони или официјалната електронска пошта (e-mail) на судот;

- се охрабруваат странките сите барања за издавање на уверенија и другите судски акти, односно барања за издавање на другите евиденции од судот, со прилог од скенирана уплатница, да се доставуваат електронски на е-маил: kontakt@osveles.mk, или по пошта. Во барањата потребно е странката да наведе телефон за контакт. Подигањето на уверенијата и потврдите ќе се врши непосредно од соодветно означен шалтер на судот, со обезбедени услови за заштита на барателите, затоа што не постојат законски услови истите да се доставуваат електронски до барателите на уверенијата.

 

 

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

2.1 Влез во судската зграда

Пред влегување во судската зграда, сите треба да ги поминат здравствено-безбедносните мерки и тоа:

- задолжително држење растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;

- задолжителна дезинфекција на рацете од апарат поставен пред влезот на зградата, односно со прскање на дезинфекциско средство на рацете од страна на судската полиција;

- задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;

- задолжително да биде измерена температурата со безконтактен топломер;

- задолжително да поминат на безбедносниот преглед преку метал-детектор;

- задолжително по поминувањето на здравствено-безбедносните мерки, странките да се пријават на судската полиција со соодветни документи за лична идентификаја со покана за судење, односно со наведување на причините за доаѓање во судот;

Судската полиција е должна во случај на непридржување кон здравствено-безбедносните мерки да опоменува, а во случај на непочитување на овие мерки да не дозволи влез во судската зграда.

2.2 Чекални, ходници и скали

При користењето на хоризонталните и вертикалните комуникации, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

- задолжително држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;

- задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;

- задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства;

2.3 Писарници и приемни одделениjа

При користењето на писарниците и приемните одделенија на судот,сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

- задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;

- бројот на странките во овие простории треба да биде усогласен со големината и капацитетот на истите, со што ќе се овозможи држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;

- задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства;

- се забранува непотребно влегување и задржување на шалтерите во писарниците и приемните одделениа доколку тоа не е потребно;

2.4 Судници

Во простор по влезот во судниците, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

- задолжително да извршат дезинфекција на рацете од апарат поставен во судницата;

- задолжително да носат хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;

- задолжително да се проветруваат судниците за време или по завршувањето на секое судење, по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства (бришење на работните површини и на сите средства и површини кои што биле користени во текот на постапката);

- бројот на странките во судницата треба да биде усогласен со големината и капацитетот на просторијата, со што ќе се овозможи држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;

- се забранува влегување и задржување на странките во судницата доколку претходно не бидат повикани и доколку тоа не е потребно;

- влегувањето на странките на закажаните рочишта и главни расправи ќе се спроведува по приоритет и неопходност за присуство на судењето, а предност ќе имаат странките во постапката, нивните полномошници, како и другите лица кои што се повикани со судска покана;

- за присуство на останатите лица во судниците доколку не се исполнети условите за безбедна оддалеченост и примена на мерките за заштита, одлучува судијата, односно Судскиот совет кој постапува по предметот;

- по завршување на расправите странките се должни веднаш да ја напуштат судницата и судската зграда, односно да го ограничат престојот на неопходниот минимум;

2.5 Административни простории и Канцеларии

При користењето на административните простории, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:

- задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето доколку во просторијата се наоѓаат повеќе од две лица;

- држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;

- задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства;

- се забранува влегување и задржување на странките во овие простории доколку претходно не бидат повикани и доколку тоа не е потребно;

2.6 Санитарии

При користењето на санитарните јазли (тоалети) за странките кои што доаѓаат во судската зграда, се одредува еден тоалет во приземјето спроти писарниците на чија врата има истакнато ознака „само за странки„.

 

Со почит,                                                                                                           Основен суд Велес


*Протоколот е изработен од Здружението на судии на РСМ и се однесува на сите вработени (судии, судски службеници и администрација) како и сите странки (обвинети, адвокати, обвинители и останати претставници на државни органи) кои влегуваат во судот. Протоколот има за цел заштита на здравјето на вработените во судот, но пред се заштита на здравјето на сите граѓани кои имаат потреба од остварување на правата пред судот.

Воедно протоколот во склоп на сите други мерки кои ги презеде Основниот суд Велес од прогласување на пандемијата па до денес, обезбедуваат функционалност на судот и доследно почитување на Уставно загарантираните права и обврски на граѓаните

   


Decision search

Court
Case number
Date
_