ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ПРАВДАТА
Вести
- Почетна
- >
- Вести
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ПРАВДАТА
Новости
|
20.10.2023
25-ти Октомври е Европски ден на граѓанска правда кој се одбележува во сите европски држави во Европа, со цел судовите да се доближат до граѓаните и тие да бидат запознати со нејзиното спроведување.
Интенцијата за одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда е на граѓаните да им се овозможи одблизу да се запознаат со нивните основни човекови права во повеќе области и со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла (пристап до правдата, медијација, извршување на судските одлуки).
Како и секоја година, нашата држава се вклучува во одбележување на Европскиот ден на правдата во чии рамки Основниот суд Велес ќе биде отворен за граѓаните на ден 25.10 2023 година од 09,00 часот до 15,00 часот. кои ќе имаат можност да го посетат судот за одблизу да се запознаат со неговата работа и да присуствуваат на судења.