СООПШТЕНИЕ за јавност -одбележан Европскиот ден на граѓанска правда
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ за јавност -одбележан Европскиот ден на граѓанска правда
Новости
|
25.10.2019
25 октомври – Европски ден на граѓанската правда - отворен ден за граѓаните
С О О П Ш Т Е Н И Е
Денес во Основен суд Велес, со организирање на отворен ден за граѓаните, беше одбележан Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври.
Во текот на отворениот ден судот го посетија ученици и професори од Гимназијата Кочо Рацин и Средното економско училиште Јовче Тесличков од Велес заедно со директорот на училиштето, како и преставници од медиумите, кои беа примени од В.Д.Претседателот на судот, Претседателите на граѓанскиот и кривичниот судски оддел и Судскиот администратор.
За време на посетата учениците имаа можност непосредно да се запознаат со организацијата и работата на судот, надлежноста во остварувањето на основните граѓанските слободи и права, како и со процедурите на управување со предметите во судот чија крајна цел е владеење на правото и ефикасна правда еднакво достапна на сите граѓани.
На учениците им беше овозможено да присуствуваат на судење во кривична постапка, а потоа и да земат учество во улога на судија, судии-поротници, обвинител, оштетен, обвинет и бранител на обвинетиот во симулација на судење од областа на „забрана за мачење“ како основно човеково право загарантирано со член 3 од Европската конвенција за заштита на човекови права.
Со почит,
Основен суд Велес