СООПШТЕНИЕ за јавност -одбележан Европскиот ден на граѓанска правда [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ за јавност -одбележан Европскиот ден на граѓанска правда

Новости  |  25.10.2019
25 октомври – Европски ден на граѓанската правда - отворен ден за граѓаните
С О О П Ш Т Е Н И Е
 
 
            Денес во Основен суд Велес, со организирање на отворен ден за граѓаните, беше одбележан Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври.
 
            Во текот на отворениот ден судот го посетија ученици и професори од Гимназијата Кочо Рацин и Средното економско училиште Јовче Тесличков од Велес заедно со директорот на училиштето, како и преставници од медиумите, кои беа примени од В.Д.Претседателот на судот, Претседателите на граѓанскиот и кривичниот судски оддел и Судскиот администратор.
 
            За време на посетата учениците имаа можност непосредно да се запознаат со организацијата и работата на судот, надлежноста во остварувањето на основните граѓанските слободи и права, како и со процедурите на управување со предметите во судот чија крајна цел е владеење на правото и ефикасна правда еднакво достапна на сите граѓани.
 
            На учениците им беше овозможено да присуствуваат на судење во кривична  постапка, а потоа и да земат учество во улога на судија, судии-поротници, обвинител, оштетен, обвинет и бранител на обвинетиот во симулација на судење од областа на „забрана за мачење“ како основно човеково право загарантирано со член 3 од Европската конвенција за заштита на човекови права.
 
 
            Со почит,
            Основен суд Велес
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_