Одлука за избор по Интерен оглас 1/20
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Одлука за избор по Интерен оглас 1/20
Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на чл.43 ст.1 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) по спроведената постапка по Интерен оглас бр.1/20, за унапредување на судски службеник, за работно место Раководител на одделение за информатика, 1 (еден) извршител, по доставениот Записник од страна на Комисијата за селекција за унапредување СУ-04.бр.141-1/20 од 16.12.2020 година, на ден 17.12.2020 година, ја донесе следната:
О Д Л У К А
По Интерен оглас бр.1/20 од 07.12.2020 година, за унапредување на судски службеник, за работно место Раководител на одделение за информатика, 1 (еден) извршител, не се врши избор од причина што не се пријавил ниту еден кандидат.
О б р а з л о ж е н и е
Од страна на Основен суд Велес на веб страната на судот на ден 07.12.2020 год. беше објавен Интерен оглас бр.1/20, за унапредување на судски службеник, за работно место Раководител на одделение за информатика, 1 (еден) извршител.
Од страна на Комисијата за селекција за унапредување, до судскиот администратор доставен е Записник СУ-04.бр.141-1/20 од 16.12.2020 год. во кој се наведува дека по Интерен оглас бр.1/20 нема пријавени кандидати.
Судскиот администратор имајќи го во предвид Записникот од Комисијата за селекција за унапредување следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.
Судски администратор
Сузана Варналиева