Најчесто поставувани прашања [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Најчесто поставувани прашања

Подолу е наведена листа на најчесто поставувани и одговорени прашања во Основен суд Виница. На врвот на листата се наоѓаат најновите прашања (со најмал реден број), а на дното се наоѓаат најстарите (со најголем реден број).

1.  Нашето претпријатие доби налог од Основниот суд да уплатиме судска такса за донесена одлука. Таксата ја уплативме со налог пп50 на посочените сметки од судскиот налог и исто така во судот однесовме доказ за нашата уплата. Ве молам за одговор дали сме постапиле како треба или плаѓањето на таксата требала да биде проследена со поднесок до судот? Благодарам однапред за одговорот.   Одговор

Почитувани, Ако судската такса сте ја платиле во законскиот за тоа предвиден рок, тогаш - ДА, правилно сте постапиле со плаќањето на таксата заклучно со носење на примерок од уплатницата во судска архива / писарница или приемно одделение. Ова подразбира дека на уплатницата (правилно пополнета) сте навеле за кој предмет и за која одлука се плаќа судската такса. Исто така ќе сте постапиле правилно и ако уплатницата платена во законски предивден рок (правилно пополнета), сте ја доставиле во судот со пропратно писмо т.е. со поднесок. Со почит.

2.  Почитувани, На 22 септември во 13 часот требаше да има судење во основен суд 1 каде јас треба да се појавам во својство на обвинет! Но, на Календарот на судења за мојот предмет K-2344/16 не постои такво судење, не ми дојде покана за суд во меѓувреме или нешто друго, па бидејќи такво судење не постои на календарот на судења ме интересира дали ќе има или ќе нема судење за гореспоменатиот предметен број? Однапред благодарам за вашиот одговор, Со почит, Трајче   Одговор

Почитувани. Според содржината на Вашето прашање, истото се однесува на работата на Основен суд Скопје 1, во Скопје. Најсоодветен одговор би добиле ако истото го поставете на портлетот (интернет страната) на споменатито суд - Основен суд Скопје 1 или ако условите Ви дозволуваат, судското приемно одделение во истиот суд- каде ќе ве информираат или упатат за информација на вистинското место. Со почит.

3.  Дали може судските такси да се платат електронски во просториите на судот? Поздрав.   Одговор

Почитувани, Електронско плаќање (со кредитна или дебитна платежна картичка) во просториите на судот се уште не е можно. Се работи на воспоставување на услови за истото. Со почит. Додадок: Почнувајќи од 8 јуни 2017 година овозможена е можноста за плаќање на судски такси на шалтерот во приемно одделение во судот, електронски преку ПОС терминал.

4.  Здраво. На старата интернет страна (osvinica.mk) објавените одлуки се прикажуваа хронолоши - по редослед на објавување. Дали истата или барем слична функционалност може да се додаде и за објавените одлуки на порталот на судот? Поздрав.   Одговор

Почитувани, хронолошко прикажување на листата на објавени одлуки на порталот на судот (судовите), за сега, не е можно. Постоечката апликација за пребарување на објавени одлуки нуди можност за брзо пронаоѓање на „барана“ одлука, доколку знаете и најмал дел од податоците поврзани со истата: број на предмет, уписник, податоци за лица учесници во предметот и слично. Со почит.

5.  Здраво, Дали може да побарам содржината на одлука по предмет за кој сум и самио заинтересиран да биде објавена или да ми се испрати по е-маил?   Одговор

Почитувни. Содржината на одлуката во предмет во кој сте учесник ќе ја добиете по службена должност лично (преку доставувач од судот или по пошта) или преку Ваш застапник, ако таков сте назначиле. Содржината на одлуките во предметите станува јавно достапна и се објавува на интернет порталот на судот (претходно интернет страната на судот), не повеќе од два дена по нејзиното објавување или по правосилноста на одлуката, ако уписникот во кој е заведен предметот е означен за објавување. Постојат одлуки чија содржина не се објавува во наведените медиуми. Со почит.

6.  Дали имам право на надомест на моите трошоци како сведок?   Одговор

Сведокот има право на надоместок на патните трошоци, на трошоците за исхрана, ноќевање, како и надоместок за загубена заработувачка. Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето, инаку го губи таквото право. За надоместокот за денгубата, сведокот треба да положи доказ за изгубена заработувачка.

7.  Каде може да сведочам?   Одговор

Постои општа граѓанска и законска должност за граѓаните да сведочат. Лице што ќе се повика како сведок должно е да се јави на поканата и да сведочи. Сослушување на сведоци е еден од доказите кои се изведуваат во сите судски постапки. Меѓутоа судот не е единственото место каде може сведокот да даде изјава. Сведоците, кои поради старост, болест или тешки телесни мани не можат да одговорат на поканата од судот, ќе се сослушаат во својот стан, односно во местото каде се наоѓаат (болница).

8.  Дали сум заштитен како сведок?   Одговор

Сведокот ужива подеднакава безбедност во судската зграда, како и сите странки и вработените во судот. Заштитен сведок, значи да се биде лице кое поседува информации значајни за кривичната посатпка, чиј живот, здравје, слобода и имот се изложени на опасност и кое е вклучено во програмата за заштита на сведоци. Во текот на постапката, кога постои опасност од заплашување, закана со одмазда или опасност по животот или физичкиот интегритетна сведокот, јавниот обвинител, односно истражниот судија или претседателот на советот преземаат мерки и активности за ефикасна заштита на сведокот. Програмата за заштита на сведоци подразбира: - Чување во тајност на идентитеот на сведокот, - Обезбедување на лична заштита, - Промена на живеалиштето, односно престојувалиштето, - Промена на идентитетот

9.  Дали постои рок во кој судијата мора да ја донесе и изработи пресудата?   Одговор

Граганска постапка Пресудата се донесува веднаш по заклучувањето на главната расправа на записник и ја објавува судијата поединец или претседателот на советот. Во посложените предмети судот може да одлучи да ја објави пресудата за 15 дена од денот на заклучувањето на главната расправа. Во тој случај судот ке заказе ново рочиште на кое ке ја објави пресудата без разлика на тоа дали странките дошле на тоа рочиште. Писмена изработка на пресудата е во рок од 8 дена а во посложените предмети до 15 дена . -спорови за смеќавање на владение Постапката пред првостепениот суд мора да заврши во рок од 6 месеци од поднесување на тужбата; -работни спорови Постапката пред првостепениот суд мора да заврши во рок од 6 месеци од поднесување на тужбата; -Кривична постапка Пресудата се изрекува веднаш по заклучувањето на главниот претрес. Откако судот ја изрекол пресудата, претседателот на советот веднаш ќе ја објави. Ако судот не е во можност веднаш по заклучувањето на главниот претрес, ке го одложи објавувањето, но најдолго за 3 дена. На рочиштето пресудата ке биде објавена без разлика на тоа дали е присутен или не обвинетиот или неговиот законски застапник. Писмена изработка на пресудата се врши 15 дена по нејзиното објавување, но во посложени предмети до 60 дена, а овие рокови не можат да бидат пречекорени.

10.  Постапување по преставки и предлози ?   Одговор

Писмената во кои се бара превземање на определени дејствија, треба да се јасни и разбирливо напишани на машина. Треба да содржат: ознака за предметот, име и презиме на подносителот, странката или полномошникот. Предметот на барање и куса содржина. Претседателот или определениот судија, претставките и предлозите што граѓаните ги поднесуваат до судот ги земаат веднаш во работа и по проверката на содржината, а најдоцна во рок од 30 дена од приемот, му одговараат на подносителот. Претседателот или определениот судија ќе го обезбеди давањето на потребните податоци и објаснувања на надлежниот орган, за прашања за кои се однесува претставката односно предлогот и известувањата за превземените мерки. На седница на судиите секој три месеци се разгледува проблематиката во врска со претставките и поплаките и се утврдуваат мерки неопходни за отстранување на слабостите и пропустите во работата.

11.  Рехабилитација (бришење на правните последици од осудата) ?   Одговор

Важно: Рехабилитираното лице се смета за неосудувано, а податоците за бришаната осуда не се даваат никому. Рехабилитацијата значи предвремен престанок на казните {то се состојат во забрани (кои се изречени во судска одлука) и на казната протерување на странец од земјата и правните последици од осудата и бри{ење на осудата од казнена евиденција (која се води во секој суд). Рехабилитацијата може да настане по сила на закон (законска рехабилитација) и врз основа на судска одлука (судска рехабилитација). 1. Законска рехабилитација Условите под кои се добива рехабилитација по законски пат се следни: -за изречена алтернативна мерка во рок од 1 година од денот на правосилноста на судската одлука доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - Условната осуда се брише по една година откако ќе помине периодот за провека доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - Осудата парична казна и казната забрана за управување со моторно возило, изречена како единствена казна се брише по 3 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - Осудите на затвор до 3 години и малолетнички затвор, се бри{ат по 5 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - повеќе осуди на едно лице се бришат само истовремено и тоа ако постојат услови за бришење на секоја од тие осуди. 2. Судска рехабилитација Лицето кое сака да биде рехабилитирано по пат на судска рехабилитација мора да поднесе до судот молба за брисење на правните последици од осудата во која треба да ги наведе: - своите генералии, - бројот на пресудата со која е осуден - видот на казната која му е изречена и - висината на казната која му е изречена. Условите под кои се добива рехабилитација по судски пат се следни: - По протекот на 3 години од денот на издржаната, застарената или простената казна, судот може да определи да престанат правните последици од осудата што се однесува на забрана на стекнување на определени права - - По протекот на една година од денот на примена на казната забрана за вршење одделна дејност на правно лице, судот мозе да одлучi забраната да престане - По протекот на 3 години од од денот на применувањњето на казната забрана за вр{ење на професија, дејност или должност и забрана за управување со моторно возило и времено протерување на странец од земјата како и казната трајна забрана за вршење дејност на правното лице, судот може да одлучи да престанат - Судот може на молба на осудениот да одлучи да се брише од казнена евиденција осудата на затвор: 1. од 3 години до 5 години во рок од 5 години од денот на издржаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; 2. од 5 години до 10 години во рок од 10 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; 3. од 10 години до 15 години во рок од 15 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; 4. од 20 години во рок од 20 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; Казната се брише откако судот ке донесе решение за бришење на правните последици од осудата.

12.  Што ми е потребно за отпочнување на оставинска постапка?   Одговор

Постапката за расправање на оставина се поведува по службена должност (еx оfficо), штом судот ќе дознае за смртта на лицето или дека лицето е прогласено за умрено. Учесници во постапката за расправање на оставина се: наследниците и легатарите и другите лица кои остваруваат некое право на оставината За отпочнување на оставинската постапка потребни се смртовница, попис на оставината на покојниот и поседовен лист од недвижниот имот на оставителот. Подрачното одделение на Министерството за внатрешни работи ја доставува смртовницата на покојниот составена од матичната служба, заедно со имотниот лист и пописот со проценката на имотот на оставителот. Наследниците можат смртовницата, пописот и поседовниот лист на оставителот да ги достават до судот со што ќе го известат судот за смртта на оставителот и на таков начин може да отпочне постапката за расправање на оставината. Смртовница Кога некое лице ќе умре или е прогласено за умрено, матичарот надлежен да изврши упис на смртта во матичната книга на умрените е должен, во рок од 30 дена од денот на смртта, да му достави смртовница на оставинскиот суд. Смртовница се составува секогаш кога некое лице ќе умре или ќе биде прогласено за умрено , без оглед дали има или нема имот. Смртовницата се составува врз основа на податоците добиени од роднините на умрениот, од лицата со кои умрениот живеел, како и од други лица кои можат да дадат податоци кои се внесуваат во смртовницата. Попис и процена на оставината Попис и процена на имотот може да се изврши меѓу другите случаи и кога тоа го бараат наследниците, легатарите или доверителите на умрениот. Попис и процена ќе се изврши и без одлука на судот при составување на смртовницата, по барање на некои од наследниците или легатарите. Пописот и процената го врши надлежниот орган на управата а може и работник на судот определен од судијата.

13.  Како да се провери во кој стадиум е постапката?   Одговор

Странките можат да се обратат на судската администрација во текот на целото работно време во судската зграда , судската писарница. Времето за работата со странки не може да биде пократко од 5 часа и се објавува на влезот на работната просторија. Сите потребни информации се добиваат во одделенијата на кои се однесува конкретното барање (кривичен, грагански) и отсеците во секое одделение. За да ја олесните работата на судската администрација и за да добиете точна информација треба да имате основни податоци за она што го барате( број на предмет, основ, странки). Во судската писарница се водат уписници и помошни книги, одделно според видот на предметите. Од уписниците може во секое време да се утврди каде и во кој стадиум на постапката се наога предметот. Известувања можат да се даваат и по телефон и писмено на трошок на странката која ги бара. Други известувања за состојбата на предметите можат да се даваат само на лица овластени да ги разгледуваат списите. Објаснувања за правилноста на судските дејствија, одлуките како и евентуалното искажување за исходот на спорот не се дозволени.

14.  Имам итна потреба од издавање / добивање на на Апостиле печат / заверка. Бидејќи вработените во судот се на годишен одмор, дали истото ќе може да се направи во судот во Виница. Ако не може молам за информација каде истото да го направам.   Одговор

Почитувани, Заверката на документи наменети за употреба во странство (Апостиле заверки) како и другите видови, може да се направат во судот и покрај сезоната на годишни одмори. Во секое време постои лице кое може да Ве услужи навреме и квалитетно. Канцеларијата на вработеното лице кое работи на заверки се наоѓа на приземје, соба број 2. Работното време на судот е од 08:30 часот до 16:30 часот. Препорачано време за поднесување на барање за издавање на заверки е во периодот до 12:00 часот, поради потребата од административна работа која може да потрае и неколку часови, а во зависност од Вашите потреби. На таков начин уште истиот ден ќе Ви биде издадена заверката (Апостиле печат). Со почит.

15.  Za vreme na mojot prestoj vo Vinica, go posetiv sudot za da dobijam dokumenti koi mi se potrebni za reguliranje na prestojot na moeto semejstvo vo Italija, kade privremeno rabotam i ziveam. Iako dokumentite gi dobiv , posle 2 dena setanje na relacija sud Vinica- sud Kocani (kade sostojbata e ista duri i polosa), seuste ne mozam da se oslobodam od cuvstvoto na aroganten odnos od strana na edna od vrabotenite vo sudot vo Vinica i nejzinot komentar "toa ne e moja rabota. dojdi vo ponedelnik (toa znacese 4 dena cekanje)", za da odmah posle toa sedne da pie kafe. Od druga strana, nejzin kolega istata rabota mi ja zavrsi za nekolku casovi istiot den. Kako i na kogo da dostavam informacija za moeto iskustvo so vrabotenite vo sudot vo Vinica, a po moznost i vo Kocani (kade vraboteniot koj trebase da go zaveri dokumentot, go cekav 2 casa za da dojde od "vtori sprat"!)   Одговор

Почитувани, Вработените во судот - судските службеници, се должни да им обезбедат на граѓаните ефикасно и законито остварување на нивните уставни слободи, права и интереси во постапките пред судовите. Во однос Вашето искуство за арогантен однос на еден од вработените во судот во Виница; можете да доставите поплака или претставка до Претседателот на судот против тоа лице , со барање да бидете известени во врска со наводите во претставката односно поплаката, истото можете да го сторите и за вработеното лице во Кочанскиот суд, до Претседателот на Основен суд Кочани или на нивната интернет страна наведена овде. Поплаката односно претставката можете да ја доставите и по електронски пат на адреса sudvinica@t-home.mk, или на ОнЛине формата тука, со наведени Ваши точни податоци и потпис, а исто така и по пошта на адреса Основен суд Виница, ул. „Бел Камен“ бб, Виница, Република Македонија. Со почит.

16.  Како адвокат често работам со судот во Виница. Дали преку Skype контакот за кој велите дека е на располагање , можам да добијам информации за “моменталната состојба“ на предмети: 1. кои се во состојба на донесување одлука?, 2. постари предмети по кои судот веќе се произнел, а кои не се достапни на интернет страната или веќе се во архива?   Одговор

Почитувани, За работатат на судот можете да бидете информирани лично во архивата на судот и да добиете информација за моменталната состојба на предмети кои се во состојба на донесување на одлуки, а исто така и да се информирате и за предмети кои веќе се архивирани. Со почит.

17.  Се обидувам да најдам одлука од судот во Виница, за која очекувам да е објавена на интернет страната. Од познати информации знам само неколку имиња од учесниците во постапката. Се обидувам да пребарувам по име ама не добивам резултати. Како да постапам со пребарувањето, за да избегнам долготрајно- „рачно“, пребарување, пресуда по пресуда? Истиот проблем го имам и со пресудите на други судови каде сум се обидел да пребарувам.   Одговор

Почитувани, Објавените одлуки на интернет страната на основниот суд Виница, исто како и тие на останатите судови во РМ, се АНОНИМИЗИРАНИ, значи се отстранети личните податоци на лицата учесници во постапката, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РМ број 7 од 2005 година, и Законот за измена и дополнување на истиот закон од Службен весник на РМ број 124 од 2010 година). Кога пребарувате со полно име и презиме или дел од нив на некој од учесниците , низ објавените одлуки на интернет страната, користејќи ја понудената форма на страната, нема да добиете резултат токму поради анонимизирањето на, во Вашиот случај, личното име и/ или презиме на еден од учесниците. За да добиете резултати, наместо со полно име и/ или презиме или дел од нив, користете ги првите (кирилични) букви од името и презимето на лицето меѓусебно одделени со точка. Пример, Вашето име и презиме би биле анонимизирани во форма „Г.Т.“ - без наводници. Во овој случај во формата за пребарување внесете ги податоците „Г.Т.“, повторно без наводници. Ако постои објавена одлука каде се споменува Вашето име, истата ќе биде прикажана во резултатите од пребарувањето. Имајте на ум дека можни се и резултати кои се однесуваат на лица со друго име и/ или презиме, а кои се анонимизираат со исти иницијали како, во примерот, Вашето име. Ако не успеете да ги добиете посакуваните резултати, контактирајте не по електронска пошта, телефон, телефакс или на Skype, и пребарувањето ќе го направиме од наша страна, а за резултатите ќе Ве известиме на начин на кој Вие ќе наведете. Со почит.

18.  Почитувани,ме интересира дали ке може да биде објавена денешната пресуда донесена од Претседателот Благој Цикарски за тужителот Јованка Ефтимова против Винка Нет,бидејќи нашиот полномошник адвокат беше отсутен за време на читањето на пресудата.Однапред ви благодарам.   Одговор

Почитувани, Одлуката по предметот број РО-112/2010, во моментот на прием на Вашето прашање, не е објавена на интернет страната на судот бидејќи истата е во постапка на изработка. Одлуката ќе биде објавена во законски, за тоа, пропишаниот рок. Учесниците во постапката и нивните законски застапници ќе бидат писмено известени за истото. Содржината на истата одлука, анонимизирана, ќе биде објавена на интернет страната на судот (кликнете тука), не подоцна од два дена од денот на објавување на одлуката во предметот. Дополна (31.12.2010): Анонимизираната одлука по предметот број РО-112/2010, можете да ја погледнете тука ( http://osvinica.mk/Odluki.aspx?odluka=1622 ). Со почит.

19.  дали при бракоразводна парница ако едниот брачен другар зел ненаменски кредити за отплата на долг за лекување на другиот брачен другар,дали при делбата на имот и овие кредити се земаат во предвид..т.с дали треба двајцата брачни другари да ги отплајкаат по половина после разводот   Одговор

Почитувани, Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија, број 13 од 01.02.2006 година), Основниот суд Виница може да Ви ги стави на располагање следниве видови на информации од јавен карактер (информации за): - судски вештаци, - преведувачи и толкувачи, - нотари, - адвокати, - извршители, - информации од јавен карактер за судското работење, - статистички извештаи за работата на судот, - информации за бројот на претставките и поплаките за работата на судот, - информации за јавните седници, главни претреси и јавни расправи во судот и слободно присуство на граѓаните на нив, - информации заради остварување на некое граѓанско право и интерес. Вашето прашање содржи барање за правен совет / толкување кое можете да го добиете од адвокат и/ или од други лица кои нудат правна помош- толкување. Со почит.

20.  Случајно ја прочитав судската одлука од Основен суд Виница,пресудена од судиката Даниела.Така слично имам и јас еден спор,околу плаѓќањето на минат труд,степенот на стручна спрема и патните трошоци.Имено,од 15.10.2009 год.,во Општинската Организација на Црвен крст - Гостивар, самоволно се повлеков од функција Секретар,односно раководител,со измама од страна на Извршниот одбор,дека ќе именуваат Секретар волнетер.Јас од 1.01.2010 год .за да го штедам буџетот од организацијата одев на боледување 3 месеци.Кога се вратив од боледување дознав дека волнетерката ја плаќаат по 10.000 мкд.И од тогај па до сега мене ми е на,малена платата за толку колку таа прима.Му имам кажано и на неа и на ИО сум се обратил два пати со преставки,кои можам да ви ги праќам,нема одговор.Јас имам 37 год.работен стаж и патувам секој работен ден од Неготино до Гостивар и обратно,за што плаќам 100 мкд.додека на сите 4 вработени со се мене не плаќаат линеарно по 17.830 мкд.Прашам дали можете да пресудите вие г.Даниела,бидејќи во осн.суд Гостивар тешко се донесува таква брилантна пресуда во интерес на вработен.Чекам одговор. Со почит.   Одговор

Почитувани, Во конкретниот случај, Вашите права од работен однос - парични побарувања, можете да ги остварите со тужба само пред стварно и месно надлежниот суд, Основниот суд во Гостивар, а согласно член 40 став 2 и член 58 од Законот за парнична постапка. Со почит.



Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести