Најчесто поставувани прашања [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Најчесто поставувани прашања

Подолу е наведена листа на најчесто поставувани и одговорени прашања во Основен суд Виница.
На врвот на листата се наоѓаат најстарите прашања (со најмал реден број), а на дното се наоѓаат најновите (со најголем реден број).

21.  Прво ви се извинувам. Уште едно прашање,што е во интерес на многумина од образовната бранша.Во местото на живеење с.Неготино Полошко,односно во ОУ„Наим Фрашери„ се објави јавен оглас во дневниот печат КОХА.Без да се (објават)именѕваат подрачните училишта,каде меѓу друго с барле 3 проф. за албански јазик.Учил.одбор беѕ да дискутира за документите на новитеконкуренти,без записник,ги именува 3 професорки кои бе на работа во Централното училиште.Тиа и натаму продолжиле со работа со коктел часови од други предмети,како англиски,македонски,и друго,додека во спомнатите подрачни училишта за каде беше објавен огласот предават луѓе со средно не стручно образование.Поднесов представка до сите релевантни фактори по образование па и до ДПИ-подрачна Гостивар, трудовата инспекција.ПД инспектор ми се обратил со известие,кои исто така вршил површинска контрола со зборовите: -од констатираната состојба се направи записник со бр.21-56/2од 25.03.2011 год. -Од страна наовој орган е донесено решение бр.21-56/4,директотот на ОУ.Наим Фрашери да постапи согласно норамтивот и законот за основно образование(сл.весник на РМ.бр.33/10). -Во колку не сте задоволни од постапката на директорот можете вашето право да го барате во други надлежни органи како и од Оштинскиот суд -Гостивар.Ја на 03.03.2011 год поднесов тужба до општ.суд Гостивар.Добив покана за судко рочиште за 11.05.2011 год основ работен спор.Но во тиа денови бев приморен да одам Германија.Поднесов на време поднесок за одлагање ,каде барав за да се одреди наредното рочиште после три недели од денот на одлагање.Поднесокот е земен во предвид но рочиштето е закажана за 24.08.2011 год.што значи 6 дена пред новата школска година.Сакав а се преместам во мојата професија,бидејќи сум во ОО на ЦК-Гостивар за што веќе добив одговор,а во еднаш и човек во години каде патувам секој ден од Нготино до Гостивар и обратно со комбе над 26 км.дневно.Прашам според законските одредби за основно образование,дали ќе биде во интерес за да учествувам на рочиште за одедениот датум,и дали епилогот ќе биде на мој интерес,бидејќи директорот го злоупотребил ЈОУ и се понашал како де е негов пашалук за да ржи на работа над 50% некваликуван кадри,е известен број кваликувани останале без работа и ако конкурирале уредно,еден од нив сум и јас. Со почит.   Одговор

Почитувани, Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија, број 13 од 01.02.2006 година), Основниот суд Виница може да Ви ги стави на располагање следниве видови на информации од јавен карактер (информации за): - судски вештаци, - преведувачи и толкувачи, - нотари, - адвокати, - извршители, - информации од јавен карактер за судското работење, - статистички извештаи за работата на судот, - информации за бројот на претставките и поплаките за работата на судот, - информации за јавните седници, главни претреси и јавни расправи во судот и слободно присуство на граѓаните на нив, - информации заради остварување на некое граѓанско право и интерес. Вашето прашање содржи барање за правен совет / толкување кое можете да го добиете од адвокат и/ или од други лица кои нудат правна помош- толкување. Со почит.

22.  Здраво! Сакам да прашам како оди процедурата за пријавување на судски вештак, од аспект на сообраќајот, односно дали е има оглас или ...   Одговор

Почитувани, Согласно Член 9 - 10 од Законот за Вештачење (Сл. весник на РМ 115/10) за да се стане судски вештак потребно е лицето да има положено стручен испит од соодветната област во која ќе врши вештачење. За полагање на стручен испит, по претходна објава од страна на Министерството за правда (Објавата се објавува најмалку еднаш во текот на календарската година), треба да ги исполнува следните услови: - да е државјанина на РМ, - со последно живеалиште во РМ, - да нема изречено забрана за вршење на професија, дејност или должност, - кандидатот да има најмалку 5 години работно искуство и стручно познавање од областа во која ќе го врши вештачењето. За подетални информации обратете се во Министерството за правда на РМ, во одделот за вештаци (http://pravda.gov.mk/). Со почит.

23.  Почитувани, дали Основниот суд во Виница ќе распише оглас за прием на поротници и кога?   Одговор

Почитувани, Мандатот на постоечките судии поротници ќе трае до фебруари 2014 година. Значи, Основен суд Виница ќе распише оглас за нови судии поротници во март 2014 година. Со почит.

24.  На 4.05.2012 треба да ми престане работниот однос, по основ на одење во пензија , со навршени 64 години возраст и работен стаж од 35 години и 11 месеци. Согласно законот за Работни односи, колку работни денови можам да користам годишен одмор за 2012 година?   Одговор

Почитувани, Вас Ве следува максимален број на денови за годишен одмор. Во Вашиот случај тоа се 26 работни денови, а на Ваше барање можете да добиете и уште 3 работни денови „за старост“, па севкупно би биле 29. Со почит.

25.  На 30.05.2013 треба да ми престане работниот однос, по основ на барање на престанок на работниот однос. Согласно законот за Работни односи, колку работни денови можам да користам годишен одмор за 2013 година?   Одговор

Почитувани, Ако кај работодавецот сте оствариле, континуиран работен стаж од една година, имате право за користење на годишен одмор во полн износ. Полниот износ се одредува врз основа на вкупниот број на години работен стаж. Ако тоа не е случај, имате право за користење на годишен одмор во износ од по два дена за секој започнат месец. Со почит.

26.  Каде може да се најде како доказ важноста на потврдата за неосудуван?   Одговор

Почитувани, Вашето прашање е нејасно. За информација обратете се во судската писарница или на телефон 033 361 755. Со почит.

27.  Се обидувам да најдам одлука од судот во Виница, за која очекувам да е објавена на интернет страната. Од познати информации знам само неколку имиња од учесниците во постапката. Се обидувам да пребарувам по име ама не добивам резултати. Како да постапам со пребарувањето, за да избегнам долготрајно- „рачно“, пребарување, пресуда по пресуда? Истиот проблем го имам и со пресудите на други судови каде сум се обидел да пребарувам.   Одговор

Почитувани, Објавените одлуки на интернет страната на основниот суд Виница, исто како и тие на останатите судови во РМ, се АНОНИМИЗИРАНИ, значи се отстранети личните податоци на лицата учесници во постапката, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РМ број 7 од 2005 година, и Законот за измена и дополнување на истиот закон од Службен весник на РМ број 124 од 2010 година). Кога пребарувате со полно име и презиме или дел од нив на некој од учесниците , низ објавените одлуки на интернет страната, користејќи ја понудената форма на страната, нема да добиете резултат токму поради анонимизирањето на, во Вашиот случај, личното име и/ или презиме на еден од учесниците. За да добиете резултати, наместо со полно име и/ или презиме или дел од нив, користете ги првите (кирилични) букви од името и презимето на лицето меѓусебно одделени со точка. Пример, Вашето име и презиме би биле анонимизирани во форма „Г.Т

28.  Почитувани сакам да отворам одлука од судот во Виница која е објавена на интернет страната меѓутоа откако ќе го ,,превземам предметот,, не можам да го отворам фајлот кој е превземен. Како да го отворам фајлот во кој се наоѓа одлуката што сакам да ја видам ?   Одговор

Почитувани, Датотеките („фајловите“) кои ги преземате од интернет страната на судот или сега од порталот на судот , се во „PDF“ - Adobe Portable Document Format. За да ја прегледате нивната содржина ви треба „програм“ за преглед на нивната содржина. Најчесто користен „ПДФ читач“ е Adobe Reader ( https://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=&esrc=s&source=web&cd=1&cad=rja&uact=8&ved=0ahUKEwiEoIO6j47OAhVGzRQKHcQqDuAQFggcMAA&url=https%3A%2F%2Fget.adobe.com%2Freader%2F&usg=AFQjCNGP-EEjge8t3LRrNItAk9tQ6GBw4Q&bvm=bv.127984354,d.bGs ), но постојат многу други кои нудат иста или слична функционалност како споменатиот. Со почит.

29.  Treba da se plati pausal znaci sudenjeto bese vo Strumica a nie sme od bitola vo resenieto sto stigna ne e dostaveno na koja zirosmetka treba da se plati iznosot sto treba da se napravi na koja zirosmetka treba da se plati   Одговор

Почитувани, Информацијата која ја барате ќе ја добиете на контакт телефон - 034 346 624 (централа на Основен суд Струмица: 034 346 624). Побарајте го приемно одделение или одделението на кое се однесува т.е. од кое е издадено Вашето решение, пример: граѓанско, кривично, прекршочно и.т.н. Работно време на судот е од 07:30 до 15:30 секој работен ден. Должни сте оригиналот од уплатницата со која ќе ја уплатите сумата од паушалот по решението, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ГО ДОСТАВЕТЕ ВО СООДВЕТНОТО ОДДЕЛЕНИЕ во Основен суд Струмица. Ова е не опходно за да избегнете проблеми со „платена сметка , а не доставена сметка“! Со почит.

30.  na internacionalen izvod dali treba apostil pecat   Одговор

Почитувани. Потребата за заверка со апостил печат на „интернационален“ (меѓународен, повеќе јазичен) извод ја одредува (странската) институција каде го поднесувате изводот т.е. примателот (барателот) на изводот во странство. Во тукашната практика постои разнообразие на искуства. Одредени странски институции бараат заверка и на интернационалните (меѓународни) изводи изададени во Р. Македонија, додека други не. Заради тоа секое лице само одлучува дали ќе поднесе барање за заверка на извод или било кој друг документ со печат апостил, а врз основа на неговите / нејзините сознанија и потреби. Со почит.

31.  Postovani, Dali mozete da nam posalete ziro smetka od Osnoven Sud Kicevo zato sto trebam da platim sudska taksa za presuda P2 br. 146/17 Hvala vam puno, Ednora   Одговор

Почитувани, за информации од работењето на Основен суд Кичево, Ве молам обратете се на телефон 045 223 565 (или на е-маил info@oskicevo.mk) и побарајте го „граѓанско одделение“ во врска со плаќање на судски такси за предметот од Ваш интерес. Дополнително, можете да го контактирате судскиот соработник Вјоса Лимани - Мустафа на: e-mail: vjosalimani10@gmail.com Тел: 045-223-566 или 045-223-464 Со почит.

32.  Почитувани Би сакал да ве замолам ако сте во можност да ми испратите препис од пресудата ПРК бр.94/2012 од 20.06.2012 за нечесна трговска практика бидејќи истата ми е потребна за изработка на мојот магистерски труд на правниот факултет "Јустинијан Први" Скопје, и истата пресуда не ја најдов во електронскот регистар на пресуда, а сето тоа во согласност со член 4 и 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Со почит Павле Костоски   Одговор

Почитувани, во прилог на е-маил пораката Ви е доставена копија од анонимизирана пресуда по предмет ПРК-94/2012, во РТФ и ПДФ форма. Пресудата за која станува збор беше објавена на „старата“ интернет страна на судот - http://www.osvinica.mk/, но истата- по формирањето на Судскиот портал, е избришана, а на порталот т.е. на портлетот на Основен суд Виница, се уште не е објавена. Со почит.

33.  Za kolku vreme se zaveruvaat dokumentite so apostil   Одговор

Почитувани, Заверката на документ со печат апостил во судовите се спроведува за неколку минути (обично помалку од 30 минути) во зависност од обемот на работа на лицето кое ги изработува заверките. Сепак, секој суд има свој начин и постапка за работа. Не ретко се случува заверката да одземе и неколку часови до еден ден („... дојдете утре!“ ). Со почит.

34.  Me fatija vo druga drzava so cigari mojata kazna ja plativ no gazdava ne ja plaka za kamionot i mi se zakani deka ke me tuzi vo mk.jas mislam namerno ne placa za da go ostam kamionot i da me tuzi nekako dali e mozno toa firmata ne e vo mk a ne sum ni osiguran   Одговор

Почитувани, Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија, број 13 од 01.02.2006 година), Основниот суд Виница може да Ви ги стави на располагање следниве видови на информации од јавен карактер (информации за): - судски вештаци, - преведувачи и толкувачи, - нотари, - адвокати, - извршители, - информации од јавен карактер за судското работење, - статистички извештаи за работата на судот, - информации за бројот на претставките и поплаките за работата на судот, - информации за јавните седници, главни претреси и јавни расправи во судот и слободно присуство на граѓаните на нив, - информации заради остварување на некое граѓанско право и интерес. Вашето прашање содржи барање за правен совет / толкување кое можете да го добиете од адвокат и/ или од други лица кои нудат правна помош- толкување. Со почит.

35.  Што преставува печатот Апостиле и каква содржина има што се потврдува со него, дали содржината на документот или потписите или печатите ако ги има, со изворникот? Ве молам за брз одговор затоа што имаме временски рокови за постапување однапред Ви благодарам!   Одговор

Почитувани. Со заверка со печат „апостил“ се потврдува печатот на органот и потписот на овластеното лице, кој ја издал ЈАВНАТА исправа/ документ, за меѓународна употреба, и важи во сите земји членки потписници на конвенцијата од 5ти Октомври 1961 година- Хашка конвенција („Convention de La Haye du 5 octobre 1961“). Со почит.

36.  Почитувани, Од основен суд на Тетово ми е издадена потврда за неосудуваност. Ве молам за информација каде можам да добијам апостил за истата и дали прво треба апостил па превод или обратно. Ви благодарам   Одговор

Почитувани. Документот („потврда за не осудуваност“) издаден од Основен суд Тетово можете да го заверете со печат апостил во истиот суд. Ако документот треба да се преведе, редовна пракса е прво да се завере со печат апостил, па потоа да се преведе, како би се избегнало дополнително преведување на содржината на заверката со апостил печат. Со почит.

37.  Dali treba da se zakaze za da se napravi testament, koja e cenata za sudski testament, a koja za svoeracen testament i koga liceto e svesno i pismeno, dali se potrebni dvajca svedoci.Blagodaram   Одговор

1. Дали треба да се закаже за да се направи тестамент: 1.1 Да, ако тестаментот се составува во судот. Се поднесува барање за составување на тестамент, после кое се одредува рочиште кај судечкиот судија. Потребен е еден сведок. 1.2 Не, ако тестаментот се составува дома- своерачно (тестаменто се составува во присуство на двајца сведоци кои не се во роднинска врска со тестаторот), се става во затворен плик и со барање за чување за тестамент се носе во суд (ако тестаментот се чува во суд). 2. Која е цената за судски тестамент: 2.1 за составување на тестамент во судот (закажување и одржување на судско рочиште), е 480 денари; 2.2 за чување на тестамент во судот, е 480 денари; 2.3 ако тестаментот се составува и чува во судот, 960 денари. Поради моменталната состојба со вонредно воведените мерки во која работи судот, составувањето на тестамент не спаѓа во „итни“ предмети поради што судот нема да постапува по барање за истото. Ако Вашето барање е итно потребно е да доставетте доказ / изјава за итноста на Вашиот предмет (барање за составување на тестамент), по електронски пат, на е-маил адреса osvinica@osvinica.mk или osvinica@t.mk , после кое ќе Ви биде одговорено. Со почит.

38.  Успешно (правилно) инсталиран KIBS сертификат кој секаде го појавува за присутен (во IE, во Chrome, во Mozilla) и успешно потпишува секаков докумет, но кога сакам да се најавам во https://edostava.sud.mk/ со корисничко име и пасворд, покажува дека покрај правилно внесени корисничко име и пасворд, потребен е и дигитален сертификат и не дава пристап до тој сајт. Пробано е со сите прелистувачи, на секој истото го појавува и не е можно да се влезе во системот. На друг компјутер, кој го преинсталирав (не на сопственикот, не може да се преинсталира, зошто има премногу подесувања за други сајтови, вклучувајќи и банкарски плаќања и сл.) се' си е во ред, си влегува во https://edostava.sud.mk/ и си го препознава и сертификатот. Ова се појавува на повеќе компјутери, а нема никаде како да се реши овој проблем. Би Ве замолил да им помогнете на Вашите корисници успешно (со моја помош) да го решат овој проблем, што се почесто се појавува! Имајте пријатен ден и се надевам на брз одговор за да го решиме настанатиов проблем!   Одговор

Почитувани. За било каква техничка помош / подршка во врска со користењето на услугите на еДостава (edostava.sud.mk) , Ве молам обратете се до судот каде сте го поднеле барањето за пристап до порталот за еДостава. Ова е не опходно поради начинот на кој е организирано прифаќањето, обработката и чувањето на запиисте за корисниците на порталот за еДостава. Со почит.

39.  Dali moze online ili vo sud kumanovo preku terminal da se plati pausal   Одговор

Почитувани. Во разговор со колегите од ОС Куманово ми е кажано дека судот НЕ РАСПОЛАГА со ПОС терминал за електронско плаќање на сметки. Се работи на решавање на прашањето. Во меѓу време, плаќање во пошта или банка. Со почит.

40.  Пред 22месеци пукна улична цевка на ул.Козле бр.52а Скопје и ни ја поплави куќата. ЈП Водовод не упати за оштета до одигурителната компанија Нова, Компанијата не ни исплати оштета со образложение дека водовод е виновен за ненавревено реагирање. Изготвивме проценка за штетата од овластени проценители. Ве замолувам да ме информирате колку чини сутската такса за поднесување на тужба против ЈП Водовод и осигурителната компанија Нова. Однапред Благодарам на разбирањето од ваша страна.   Одговор

Почитувани. За правна помош, детални информации побарајте помош од адвокат или застапник. Таксите се наплаќаат врз основа на побаруваниот износ од оштета. До износ од 100.000,00 денари (сто илјади денари) се наплаќа 2.000,00 денари (две илјади денари). Повеќе од наведениот износ се плаќа 2% од истиот. Со почит.



Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести