Најчесто поставувани прашања [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Најчесто поставувани прашања

Основен суд Виница ќе одговори на прашања кои содржат информации од јавен карактер, а кои се однесуваат на работењето на судот и само на судот. Основен суд Виница нема да одговара на прашања, дава мислење или коментира одлуки кои се однесуваат на работењето на други институции или одговара на барањата за правен совет.
За видот на информации со кои располага судот, Ве молам посетете ја следната страница:
http://www.sud.mk/wps/portal/osvinica/sud/kontakt/sloboden-pristap/!ut/p/z1/04_Sj9CPykssy0xPLMnMz0vMAfIjo8zizdxNTAwsvA18LIKDnAwcXQ3MLUIsHQ38nQ30w_EpcHcz0I_Crz9MP0o_Krm0qCg1r0Q_sqSoNBW_kSA9ICMNcABHkJOiCCnxMND3wucykMMLckNzdSMMdF0dFRUBu_sPGQ!!/dz/d5/L2dBISEvZ0FBIS9nQSEh/?current=true

Во продолжение е наведена листа на најчесто поставувани и одговорени прашања во Основен суд Виница.

1.  Дали може судските такси да се платат електронски во просториите на судот? Поздрав.   Одговор

Почитувани, Електронско плаќање (со кредитна или дебитна платежна картичка) во просториите на судот се уште не е можно. Се работи на воспоставување на услови за истото. Со почит. Додадок: Почнувајќи од 8 јуни 2017 година овозможена е можноста за плаќање на судски такси на шалтерот во приемно одделение во судот, електронски преку ПОС терминал.

2.  Здраво. На старата интернет страна (osvinica.mk) објавените одлуки се прикажуваа хронолоши - по редослед на објавување. Дали истата или барем слична функционалност може да се додаде и за објавените одлуки на порталот на судот? Поздрав.   Одговор

Почитувани, хронолошко прикажување на листата на објавени одлуки на порталот на судот (судовите), за сега, не е можно. Постоечката апликација за пребарување на објавени одлуки нуди можност за брзо пронаоѓање на „барана“ одлука, доколку знаете и најмал дел од податоците поврзани со истата: број на предмет, уписник, податоци за лица учесници во предметот и слично. Со почит.

3.  Здраво, Дали може да побарам содржината на одлука по предмет за кој сум и самио заинтересиран да биде објавена или да ми се испрати по е-маил?   Одговор

Почитувни. Содржината на одлуката во предмет во кој сте учесник ќе ја добиете по службена должност лично (преку доставувач од судот или по пошта) или преку Ваш застапник, ако таков сте назначиле. Содржината на одлуките во предметите станува јавно достапна и се објавува на интернет порталот на судот (претходно интернет страната на судот), не повеќе од два дена по нејзиното објавување или по правосилноста на одлуката, ако уписникот во кој е заведен предметот е означен за објавување. Постојат одлуки чија содржина не се објавува во наведените медиуми. Со почит.

4.  Дали имам право на надомест на моите трошоци како сведок?   Одговор

Сведокот има право на надоместок на патните трошоци, на трошоците за исхрана, ноќевање, како и надоместок за загубена заработувачка. Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето, инаку го губи таквото право. За надоместокот за денгубата, сведокот треба да положи доказ за изгубена заработувачка.

5.  Каде може да сведочам?   Одговор

Постои општа граѓанска и законска должност за граѓаните да сведочат. Лице што ќе се повика како сведок должно е да се јави на поканата и да сведочи. Сослушување на сведоци е еден од доказите кои се изведуваат во сите судски постапки. Меѓутоа судот не е единственото место каде може сведокот да даде изјава. Сведоците, кои поради старост, болест или тешки телесни мани не можат да одговорат на поканата од судот, ќе се сослушаат во својот стан, односно во местото каде се наоѓаат (болница).

6.  Дали сум заштитен како сведок?   Одговор

Сведокот ужива подеднакава безбедност во судската зграда, како и сите странки и вработените во судот. Заштитен сведок, значи да се биде лице кое поседува информации значајни за кривичната посатпка, чиј живот, здравје, слобода и имот се изложени на опасност и кое е вклучено во програмата за заштита на сведоци. Во текот на постапката, кога постои опасност од заплашување, закана со одмазда или опасност по животот или физичкиот интегритетна сведокот, јавниот обвинител, односно истражниот судија или претседателот на советот преземаат мерки и активности за ефикасна заштита на сведокот. Програмата за заштита на сведоци подразбира: - Чување во тајност на идентитеот на сведокот, - Обезбедување на лична заштита, - Промена на живеалиштето, односно престојувалиштето, - Промена на идентитетот

7.  Постапување по преставки и предлози ?   Одговор

Писмената во кои се бара превземање на определени дејствија, треба да се јасни и разбирливо напишани на машина. Треба да содржат: ознака за предметот, име и презиме на подносителот, странката или полномошникот. Предметот на барање и куса содржина. Претседателот или определениот судија, претставките и предлозите што граѓаните ги поднесуваат до судот ги земаат веднаш во работа и по проверката на содржината, а најдоцна во рок од 30 дена од приемот, му одговараат на подносителот. Претседателот или определениот судија ќе го обезбеди давањето на потребните податоци и објаснувања на надлежниот орган, за прашања за кои се однесува претставката односно предлогот и известувањата за превземените мерки. На седница на судиите секој три месеци се разгледува проблематиката во врска со претставките и поплаките и се утврдуваат мерки неопходни за отстранување на слабостите и пропустите во работата.

8.  Рехабилитација (бришење на правните последици од осудата) ?   Одговор

Важно: Рехабилитираното лице се смета за неосудувано, а податоците за бришаната осуда не се даваат никому. Рехабилитацијата значи предвремен престанок на казните {то се состојат во забрани (кои се изречени во судска одлука) и на казната протерување на странец од земјата и правните последици од осудата и бри{ење на осудата од казнена евиденција (која се води во секој суд). Рехабилитацијата може да настане по сила на закон (законска рехабилитација) и врз основа на судска одлука (судска рехабилитација). 1. Законска рехабилитација Условите под кои се добива рехабилитација по законски пат се следни: -за изречена алтернативна мерка во рок од 1 година од денот на правосилноста на судската одлука доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - Условната осуда се брише по една година откако ќе помине периодот за провека доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - Осудата парична казна и казната забрана за управување со моторно возило, изречена како единствена казна се брише по 3 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - Осудите на затвор до 3 години и малолетнички затвор, се бри{ат по 5 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - повеќе осуди на едно лице се бришат само истовремено и тоа ако постојат услови за бришење на секоја од тие осуди. 2. Судска рехабилитација Лицето кое сака да биде рехабилитирано по пат на судска рехабилитација мора да поднесе до судот молба за брисење на правните последици од осудата во која треба да ги наведе: - своите генералии, - бројот на пресудата со која е осуден - видот на казната која му е изречена и - висината на казната која му е изречена. Условите под кои се добива рехабилитација по судски пат се следни: - По протекот на 3 години од денот на издржаната, застарената или простената казна, судот може да определи да престанат правните последици од осудата што се однесува на забрана на стекнување на определени права - - По протекот на една година од денот на примена на казната забрана за вршење одделна дејност на правно лице, судот мозе да одлучi забраната да престане - По протекот на 3 години од од денот на применувањњето на казната забрана за вр{ење на професија, дејност или должност и забрана за управување со моторно возило и времено протерување на странец од земјата како и казната трајна забрана за вршење дејност на правното лице, судот може да одлучи да престанат - Судот може на молба на осудениот да одлучи да се брише од казнена евиденција осудата на затвор: 1. од 3 години до 5 години во рок од 5 години од денот на издржаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; 2. од 5 години до 10 години во рок од 10 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; 3. од 10 години до 15 години во рок од 15 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; 4. од 20 години во рок од 20 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; Казната се брише откако судот ке донесе решение за бришење на правните последици од осудата.

9.  Што ми е потребно за отпочнување на оставинска постапка?   Одговор

Постапката за расправање на оставина се поведува по службена должност (еx оfficо), штом судот ќе дознае за смртта на лицето или дека лицето е прогласено за умрено. Учесници во постапката за расправање на оставина се: наследниците и легатарите и другите лица кои остваруваат некое право на оставината За отпочнување на оставинската постапка потребни се смртовница, попис на оставината на покојниот и поседовен лист од недвижниот имот на оставителот. Подрачното одделение на Министерството за внатрешни работи ја доставува смртовницата на покојниот составена од матичната служба, заедно со имотниот лист и пописот со проценката на имотот на оставителот. Наследниците можат смртовницата, пописот и поседовниот лист на оставителот да ги достават до судот со што ќе го известат судот за смртта на оставителот и на таков начин може да отпочне постапката за расправање на оставината. Смртовница Кога некое лице ќе умре или е прогласено за умрено, матичарот надлежен да изврши упис на смртта во матичната книга на умрените е должен, во рок од 30 дена од денот на смртта, да му достави смртовница на оставинскиот суд. Смртовница се составува секогаш кога некое лице ќе умре или ќе биде прогласено за умрено , без оглед дали има или нема имот. Смртовницата се составува врз основа на податоците добиени од роднините на умрениот, од лицата со кои умрениот живеел, како и од други лица кои можат да дадат податоци кои се внесуваат во смртовницата. Попис и процена на оставината Попис и процена на имотот може да се изврши меѓу другите случаи и кога тоа го бараат наследниците, легатарите или доверителите на умрениот. Попис и процена ќе се изврши и без одлука на судот при составување на смртовницата, по барање на некои од наследниците или легатарите. Пописот и процената го врши надлежниот орган на управата а може и работник на судот определен од судијата.

10.  Како да се провери во кој стадиум е постапката?   Одговор

Странките можат да се обратат на судската администрација во текот на целото работно време во судската зграда , судската писарница. Времето за работата со странки не може да биде пократко од 5 часа и се објавува на влезот на работната просторија. Сите потребни информации се добиваат во одделенијата на кои се однесува конкретното барање (кривичен, грагански) и отсеците во секое одделение. За да ја олесните работата на судската администрација и за да добиете точна информација треба да имате основни податоци за она што го барате( број на предмет, основ, странки). Во судската писарница се водат уписници и помошни книги, одделно според видот на предметите. Од уписниците може во секое време да се утврди каде и во кој стадиум на постапката се наога предметот. Известувања можат да се даваат и по телефон и писмено на трошок на странката која ги бара. Други известувања за состојбата на предметите можат да се даваат само на лица овластени да ги разгледуваат списите. Објаснувања за правилноста на судските дејствија, одлуките како и евентуалното искажување за исходот на спорот не се дозволени.

11.  Имам итна потреба од издавање / добивање на на Апостиле печат / заверка. Бидејќи вработените во судот се на годишен одмор, дали истото ќе може да се направи во судот во Виница. Ако не може молам за информација каде истото да го направам.   Одговор

Почитувани, Заверката на документи наменети за употреба во странство (Апостиле заверки) како и другите видови, може да се направат во судот и покрај сезоната на годишни одмори. Во секое време постои лице кое може да Ве услужи навреме и квалитетно. Канцеларијата на вработеното лице кое работи на заверки се наоѓа на приземје, соба број 2. Работното време на судот е од 08:30 часот до 16:30 часот. Препорачано време за поднесување на барање за издавање на заверки е во периодот до 12:00 часот, поради потребата од административна работа која може да потрае и неколку часови, а во зависност од Вашите потреби. На таков начин уште истиот ден ќе Ви биде издадена заверката (Апостиле печат). Со почит.

12.  Се обидувам да најдам одлука од судот во Виница, за која очекувам да е објавена на интернет страната. Од познати информации знам само неколку имиња од учесниците во постапката. Се обидувам да пребарувам по име ама не добивам резултати. Како да постапам со пребарувањето, за да избегнам долготрајно- „рачно“, пребарување, пресуда по пресуда? Истиот проблем го имам и со пресудите на други судови каде сум се обидел да пребарувам.   Одговор

Почитувани, Објавените одлуки на интернет страната на основниот суд Виница, исто како и тие на останатите судови во РМ, се АНОНИМИЗИРАНИ, значи се отстранети личните податоци на лицата учесници во постапката, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РМ број 7 од 2005 година, и Законот за измена и дополнување на истиот закон од Службен весник на РМ број 124 од 2010 година). Кога пребарувате со полно име и презиме или дел од нив на некој од учесниците , низ објавените одлуки на интернет страната, користејќи ја понудената форма на страната, нема да добиете резултат токму поради анонимизирањето на, во Вашиот случај, личното име и/ или презиме на еден од учесниците. За да добиете резултати, наместо со полно име и/ или презиме или дел од нив, користете ги првите (кирилични) букви од името и презимето на лицето меѓусебно одделени со точка. Пример, Вашето име и презиме би биле анонимизирани во форма „Г.Т.“ - без наводници. Во овој случај во формата за пребарување внесете ги податоците „Г.Т.“, повторно без наводници. Ако постои објавена одлука каде се споменува Вашето име, истата ќе биде прикажана во резултатите од пребарувањето. Имајте на ум дека можни се и резултати кои се однесуваат на лица со друго име и/ или презиме, а кои се анонимизираат со исти иницијали како, во примерот, Вашето име. Со почит.

13.  Почитувани,ме интересира дали ке може да биде објавена денешната пресуда донесена од Претседателот Благој Цикарски за тужителот Јованка Ефтимова против Винка Нет,бидејќи нашиот полномошник адвокат беше отсутен за време на читањето на пресудата.Однапред ви благодарам.   Одговор

Почитувани, Одлуката по предметот број РО-112/2010, во моментот на прием на Вашето прашање, не е објавена на интернет страната на судот бидејќи истата е во постапка на изработка. Одлуката ќе биде објавена во законски, за тоа, пропишаниот рок. Учесниците во постапката и нивните законски застапници ќе бидат писмено известени за истото. Содржината на истата одлука, анонимизирана, ќе биде објавена на интернет страната на судот (кликнете тука), не подоцна од два дена од денот на објавување на одлуката во предметот. Со почит.

14.  дали при бракоразводна парница ако едниот брачен другар зел ненаменски кредити за отплата на долг за лекување на другиот брачен другар,дали при делбата на имот и овие кредити се земаат во предвид..т.с дали треба двајцата брачни другари да ги отплајкаат по половина после разводот   Одговор

Почитувани, Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија, број 13 од 01.02.2006 година), Основниот суд Виница може да Ви ги стави на располагање следниве видови на информации од јавен карактер (информации за): - судски вештаци, - преведувачи и толкувачи, - нотари, - адвокати, - извршители, - информации од јавен карактер за судското работење, - статистички извештаи за работата на судот, - информации за бројот на претставките и поплаките за работата на судот, - информации за јавните седници, главни претреси и јавни расправи во судот и слободно присуство на граѓаните на нив, - информации заради остварување на некое граѓанско право и интерес. Вашето прашање содржи барање за правен совет / толкување кое можете да го добиете од адвокат и/ или од други лица кои нудат правна помош- толкување. Со почит.

15.  Прво ви се извинувам. Уште едно прашање,што е во интерес на многумина од образовната бранша.Во местото на живеење с.Неготино Полошко,односно во ОУ„Наим Фрашери„ се објави јавен оглас во дневниот печат КОХА.Без да се (објават)именѕваат подрачните училишта,каде меѓу друго с барле 3 проф. за албански јазик.Учил.одбор беѕ да дискутира за документите на новитеконкуренти,без записник,ги именува 3 професорки кои бе на работа во Централното училиште.Тиа и натаму продолжиле со работа со коктел часови од други предмети,како англиски,македонски,и друго,додека во спомнатите подрачни училишта за каде беше објавен огласот предават луѓе со средно не стручно образование.Поднесов представка до сите релевантни фактори по образование па и до ДПИ-подрачна Гостивар, трудовата инспекција.ПД инспектор ми се обратил со известие,кои исто така вршил површинска контрола со зборовите: -од констатираната состојба се направи записник со бр.21-56/2од 25.03.2011 год. -Од страна наовој орган е донесено решение бр.21-56/4,директотот на ОУ.Наим Фрашери да постапи согласно норамтивот и законот за основно образование(сл.весник на РМ.бр.33/10). -Во колку не сте задоволни од постапката на директорот можете вашето право да го барате во други надлежни органи како и од Оштинскиот суд -Гостивар.Ја на 03.03.2011 год поднесов тужба до општ.суд Гостивар.Добив покана за судко рочиште за 11.05.2011 год основ работен спор.Но во тиа денови бев приморен да одам Германија.Поднесов на време поднесок за одлагање ,каде барав за да се одреди наредното рочиште после три недели од денот на одлагање.Поднесокот е земен во предвид но рочиштето е закажана за 24.08.2011 год.што значи 6 дена пред новата школска година.Сакав а се преместам во мојата професија,бидејќи сум во ОО на ЦК-Гостивар за што веќе добив одговор,а во еднаш и човек во години каде патувам секој ден од Нготино до Гостивар и обратно со комбе над 26 км.дневно.Прашам според законските одредби за основно образование,дали ќе биде во интерес за да учествувам на рочиште за одедениот датум,и дали епилогот ќе биде на мој интерес,бидејќи директорот го злоупотребил ЈОУ и се понашал како де е негов пашалук за да ржи на работа над 50% некваликуван кадри,е известен број кваликувани останале без работа и ако конкурирале уредно,еден од нив сум и јас. Со почит.   Одговор

Почитувани, Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија, број 13 од 01.02.2006 година), Основниот суд Виница може да Ви ги стави на располагање следниве видови на информации од јавен карактер (информации за): - судски вештаци, - преведувачи и толкувачи, - нотари, - адвокати, - извршители, - информации од јавен карактер за судското работење, - статистички извештаи за работата на судот, - информации за бројот на претставките и поплаките за работата на судот, - информации за јавните седници, главни претреси и јавни расправи во судот и слободно присуство на граѓаните на нив, - информации заради остварување на некое граѓанско право и интерес. Вашето прашање содржи барање за правен совет / толкување кое можете да го добиете од адвокат и/ или од други лица кои нудат правна помош- толкување. Со почит.

16.  Почитувани, дали Основниот суд во Виница ќе распише оглас за прием на поротници и кога?   Одговор

Почитувани, Мандатот на постоечките судии поротници ќе трае до фебруари 2014 година. Значи, Основен суд Виница ќе распише оглас за нови судии поротници во март 2014 година. Со почит.

17.  Се обидувам да најдам одлука од судот во Виница, за која очекувам да е објавена на интернет страната. Од познати информации знам само неколку имиња од учесниците во постапката. Се обидувам да пребарувам по име ама не добивам резултати. Како да постапам со пребарувањето, за да избегнам долготрајно- „рачно“, пребарување, пресуда по пресуда? Истиот проблем го имам и со пресудите на други судови каде сум се обидел да пребарувам.   Одговор

Почитувани, Објавените одлуки на интернет страната на основниот суд Виница, исто како и тие на останатите судови во РМ, се АНОНИМИЗИРАНИ, значи се отстранети личните податоци на лицата учесници во постапката, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РМ број 7 од 2005 година, и Законот за измена и дополнување на истиот закон од Службен весник на РМ број 124 од 2010 година). Кога пребарувате со полно име и презиме или дел од нив на некој од учесниците , низ објавените одлуки на интернет страната, користејќи ја понудената форма на страната, нема да добиете резултат токму поради анонимизирањето на, во Вашиот случај, личното име и/ или презиме на еден од учесниците. За да добиете резултати, наместо со полно име и/ или презиме или дел од нив, користете ги првите (кирилични) букви од името и презимето на лицето меѓусебно одделени со точка. Пример, Вашето име и презиме би биле анонимизирани во форма „Г.Т

18.  Почитувани сакам да отворам одлука од судот во Виница која е објавена на интернет страната меѓутоа откако ќе го ,,превземам предметот,, не можам да го отворам фајлот кој е превземен. Како да го отворам фајлот во кој се наоѓа одлуката што сакам да ја видам ?   Одговор

Почитувани, Датотеките („фајловите“) кои ги преземате од интернет страната на судот или сега од порталот на судот , се во „PDF“ - Adobe Portable Document Format. За да ја прегледате нивната содржина ви треба „програм“ за преглед на нивната содржина. Најчесто користен „ПДФ читач“ е Adobe Reader ( https://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=&esrc=s&source=web&cd=1&cad=rja&uact=8&ved=0ahUKEwiEoIO6j47OAhVGzRQKHcQqDuAQFggcMAA&url=https%3A%2F%2Fget.adobe.com%2Freader%2F&usg=AFQjCNGP-EEjge8t3LRrNItAk9tQ6GBw4Q&bvm=bv.127984354,d.bGs ), но постојат многу други кои нудат иста или слична функционалност како споменатиот. Со почит.

19.  na internacionalen izvod dali treba apostil pecat   Одговор

Почитувани. Потребата за заверка со апостил печат на „интернационален“ (меѓународен, повеќе јазичен) извод ја одредува (странската) институција каде го поднесувате изводот т.е. примателот (барателот) на изводот во странство. Во тукашната практика постои разнообразие на искуства. Одредени странски институции бараат заверка и на интернационалните (меѓународни) изводи изададени во Р. Македонија, додека други не. Заради тоа секое лице само одлучува дали ќе поднесе барање за заверка на извод или било кој друг документ со печат апостил, а врз основа на неговите / нејзините сознанија и потреби. Со почит.

20.  Postovani, Dali mozete da nam posalete ziro smetka od Osnoven Sud Kicevo zato sto trebam da platim sudska taksa za presuda P2 br. 146/17 Hvala vam puno, Ednora   Одговор

Почитувани, за информации од работењето на Основен суд Кичево, Ве молам обратете се на телефон 045 223 565 (или на е-маил info@oskicevo.mk) и побарајте го „граѓанско одделение“ во врска со плаќање на судски такси за предметот од Ваш интерес. Дополнително, можете да го контактирате судскиот соработник Вјоса Лимани - Мустафа на: e-mail: vjosalimani10@gmail.com Тел: 045-223-566 или 045-223-464 Со почит.



Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести