Јавен оглас за вработување на ОПРЕДЕЛЕНО работно време, број 1/21 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

News

%%
%%

Јавен оглас за вработување на ОПРЕДЕЛЕНО работно време, број 1/21

Announcements, News, Press realeses  |  Mar 3, 2021

Грб на Република Македонија

Република Северна Македонија
Основен суд Виница
СУ-04-42/21
03.03.2021год.
В и н и ц а

            Врз основа на член 18 став 1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба, а во врска со член 22 и член 23 од Законот за работни односи, ВД Претседателот на Основен суд Виница Васка Петрова објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/21

            За вработување на судски службеници на определено време до 31.12.2021 година за следните работни места:

1. Самостоен судски референт - водител на писарница (уписничар) категорија „Г“, прво ниво „Г1“,  1 (еден) извршител шифра СУД 0101Г01001

Посебни услови - потребни стручни квалификации и компетенции:

- најмалку вишо или средно образование

- најмалку три година работно искуство во струката

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

Платата на судскиот службеник ќе изнесува 19.118,00 денари.

2. Самостоен судски референт -  за прием и  експедиција на пошта „Г“, прво ниво „Г1“ 1 (еден) извршител - шифра СУД 0101Г01001

Посебни услови - потребни стручни квалификации и компетенции:

- најмалку вишо или средно образование

- најмалку три година работно искуство во струката

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

Платата на судскиот службеник ќе изнесува 19.118,00 денари.

3.Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:

- да е државјанин на Република Северна Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен

- да има општа здравствена способност за работното место

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

4.Останати права и обврски за секое од работните места

Работни часа : 40 неделно

Работни денови : од понеделник до петок

Работно време : од 07,30 до 15.30 часот

Дневна пауза : од 11.00 до 11.30 часот

Пријавата за вработување може да се подигне од приемната писарница во судот или од веб-страна на судот :www.osvinica.mk.

 

Пополнетата пријава со докази за исполнување на општите и посебни услови во оригинал или копија заверена на нотар, се доставуваат преку приемната писарница во судот или по пошта на адреса: Основен суд Виица, ул.„Бел камен„ бр.11 Виница, со назнака „За Јавен оглас бр.1/21“.

Рокот за пријавување е 5 работни дена по денот на последното објавување во дневен весник (без да се смета денот на објавување).

Ненавремена, нецелосна, неуредно пoполнета пријава, или пријава во која се внесени лажни податоци, нема да се разгледува.

Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

ОСНОВЕН СУД ВИНИЦА


Документи и обрасци:

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_