Одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка 2/2019
ActionsNews
- Home
- >
- News
Одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка 2/2019
По распишаниот јавен оглас за јавна набавка број 2/2019 од Основен суд Виница, Претседателот на судот ја донесе следнава одлука:
Република Македонија
ОСНОВЕН СУД - ВИНИЦА
СУ-02-7/19-2
15.02.2019 година
В и н и ц а
Врз основа на член 142 ст.6 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ бр.136/07,130/08,97/10,53/11... 185/11...165/17, 183/18) а согласно со предлогот за избор на најповолна понуда, содржан во Извештајот на Комисијата за јавни набавки при Основен суд Виница, Претседателот на судот Васка Петрова, на ден 15.02.2019 година, ја донесе следнава:
О Д Л У К А
за избор на најповолна понуда
I
Со оваа Одлука се избира најповолна понуда за јавна набавка, по спроведена постапка со барање за прибирање на понуди за јавна набавка чија вредност е до 5.000 евра во денарска противвредност преку ЕСЈН, без вклучен ДДВ, за набавка на метални архивски ормари за потребите на Основен суд Виница.
II
Согласно предлогот содржан во извештајот на Комисијата за јавни набавки при Основен суд Виница, како најповолна е избрана понудата од економскиот оператор ДПТУ увоз-извоз „30 Ти Март“ Дооел-Радовиш со последна понудена цена на е-аукцијата од 66.000,00 денари бз вклучен ДДВ.
III
Претседателот на судот со економскиот оператор-носител на набавката од претходниот член, по конечноста на одлуката ќе склучи договор за купопродажба на метални архивски ормари
IV
Примерок од оваа Одлука, заедно со известувањето ќе се достави до понудувачите што учествувале во спроведената постапка за јавни набавки.
V
Одлуката влегува во сила на денот на нејзиното донесување.
Основен суд Виница
Претседател,
Васка Петрова
Со почит.
Оригиналниот документ можете да го преземете на овој линк.