Одлука за избор на кандидат по Јавен оглас за вработување во ОС Виница, број 1/18 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

News

%%
%%

Одлука за избор на кандидат по Јавен оглас за вработување во ОС Виница, број 1/18

Announcements, News, Press realeses  |  Feb 7, 2019

Грб на Република Македонија

Република Македонија
ОСНОВЕН СУД - ВИНИЦА
СУ-04-155/18
07.02.2019 година
В и н и ц а

 

Врз основа на член 36 од Законот за судска служба ( Сл.весник на РМ, бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), Претседателот на Основен суд Виница на ден 07.02.2019 година, донесе:

 

О Д Л У К А
за избор на кандидат по јавен оглас за вработување на судски службеник

1.Михаило Михаилов се избира од предложената ранг листа од кандидати , по јавниот оглас за вработување на судски службеник во Основен суд Виница бр.1/2018, на работно место помлад судски референт - судски доставувач со звање на категорија „Г“, ниво Г4.

 

2.Со именуваниот ќе се заснова работен однос по конечноста на оваа одлука.

 

О б р а з л о ж е н и е

 

По добиената писмена согласност од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр. 18-3183/2 од 16.03.2018 година Основниот суд Виница, на ден 28.12.2018 година на интернет страната на судот и во дневните весници „Вечер“ и „Лајм“ објави Јавен оглас бр. 1/2018 за пополнување на работно место помлад судски референт - судски доставувач.

Со решение Су-04-155/18-2 од 17.01.2019 година од страна на Претседателот на Основен суд Виница формирана е Комисија за селекција за вработување на судски службеници по јавен оглас.

По спроведената постапка за административна селекција, од двата пријавени кандидати утврдено е дека пријавените кандидати ги исполнуваат условите и продолжија во натамошните фази од постапката.

Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас спроведе постапка за полагање на испит, проверка на веродостојноста на доказите и одржа интервју со кандидатите кои ја поминале проверката на веродостојност на доказите.

Врз основа на добиените бодови од административната селекција, спроведениот испит за судски службеник и спроведеното интервју, Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас изготви конечна ранг листа на кандидати од сите фази на селекцијата.

Врз основа на Конечната ранг листа на кандидати од сите фази на селекција за вработување и Предлог за вработување на кандидат со најголем број на освоени бодови, Претседателот на Основен суд Виница за работното место помлад судски референт - судски доставувач го избра прво рангираниот и предложен кандидат од Комисијата за селекција за вработување на судски службеник за работното место помлад судски референт-судски доставувач, Михаило Михаилов од Виница .

Врз основа на наведеното се одлучи како во диспозиитивот во оваа одлука.

Основен суд Виница
Претседател,
Васка Петрова

 

Правна поука : Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба преку Основен суд Виница до Советот за судска служба во рок од 8 (осум) дена од приемот на писменото известување и одлуката за извршениот избор.
 


Одлука за избор на кандидат по јавен оглас за вработување на судски службеник, во оригинал.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_