Европски ден на граѓанска правда - Средба со ученици од УСО „Ванчо Прќе“ Виница
ActionsNews
- Home
- >
- News
Европски ден на граѓанска правда - Средба со ученици од УСО „Ванчо Прќе“ Виница
Announcements, Events, News, Press realeses
|
Oct 25, 2018
Европски ден на правда - Средба со ученици од УСО „Ванчо Прќе“ Виница
Во рамките на одбележувањето на 25-ти Октомври - Европски ден на граѓанска правда, во просториите на Основен суд Виница се одржа средба со ученици од средно - школскиот училишен центар „Ванчо Прќе“ од Виница. Покрај учениците на средбата присуствуваа и педагози- професори од истото училиште.
За работата на Основен суд Виница, историјатот на судот, неговото функционирање, кадровски и технички можности, зборуваше Претседателот на судот Судиката Васка Петрова.
По неколку минутното излагање на судиката Петрова, учениците поставуваа прашања поврзани со работењето на судот и неговото работење.