Соопштение за јавноста - за работа на Основен суд Виница за време на вонредна состојба [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавноста - за работа на Основен суд Виница за време на вонредна состојба

Njoftime, Risi  |  25 Mar 2020
Дополнително соопштение за јавноста - за работа на Основен суд Виница за време на вонредна состојба

Република Северна Македонија
Основен суд Виница
СУ-04-65/20
25.03.2020 година
В и н и ц а

 

Врз основа на член 88 од Законот за судовите („Службен весник на РМ“ број 58/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и „Службен весник на РСМ“ број 96/19), член 2 став 2, член 13 став 1 и член 15 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ“ број 66/13 и 114/14), како и одлуката за прогласување на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија од 18.03.2020 година донесена од Претседателот на Република Северна Македонија, Претседателот на Основен суд Виница, на ден 25.03.2020 година, донесе:

 

УПАТСТВО

за начинот на работа на Основен суд Виница за време на прогласената вонредна состојба

 

1.За времетраење на вонредната состојба, странките за текот на предметите ќе можат да се информираат редовно преку ажурирани соопштенија што ќе ги објавува судот на својата веб-страна и на телефонскиот број 033/ 361-755 во период од 09,00 до 11,00 часот и од 11.30 до 13,00 часот.

2. За времетраење на вонредната состојба претседателот на судот и судиите не примаат странки, освен од оправдани и неодложни, итни случаи.

3. За времетраење на вонредната состојба приемната писарница и шалтер-писарниците не примаат странки освен во случаите предвидени во точка 4 и 5 од ова соопштение.

4.За времетраење на вонредната состојба, се препорачува странките да вршат доставување на писмена по пошта или електронски на е-маил: osvinica@osvinica.mk, освен во случаи кога се предаваат писмена за предмети со кои се бара итно постапување и прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.

Влезот на странките во зградата на судот ќе биде дозволен според контролиран режим така што ќе биде дозволен само за странките, полномошниците и другите учесници во итните предмети и оние кои предаваат писмена за предмети со кои се бара итно постапување и на поднесоци што се врзани со законски преклузивни рокови и се заштитени со задолжителна опрема (заштитни маски и ракавици кои странките сами ги обезбедуваат).

5. За времетраење на вонредната состојба ќе се врши увид во списи само на предмети кои се итни согласно со закон и под услови предвидени со Судскиот деловник. Увидот ќе се врши во период од 9,00 до 11,00 часот и од 11,30 часот до 13,00 часот во посебна просторија и во ограничен број на странки. При вршење на увид, странките, односно полномошниците задолжително да бидат обезбедени со здравствена заштитна опрема /заштитни маски и ракавици кои сами ги обезбедуваат/.

6. За времетраење на вонредната состојба, во однос на заверка на исправи со печат apostile, заверка на договори, издавање уверенија, потврди, судот ќе постапува врз основа на образложено барање на странките и по потреба со доказ за итноста, по пошта или електронски на e-mail адреса osvinica@osvinica.mk, освен за странките кои немаат техничка можност за тоа, за кои се дозволува барањето да го достават во приемната писарница, обезбедени со здравствена заштитна опрема /заштитни маски и ракавици кои странките по можност сами ги обезбедуваат/.

7. Согласно известувањето од Апелационен суд Штип под СУ-347/20 од 18.03.2020 година до Апелационен суд Штип да се доставуваат само предметите од итен карактер опфатени со одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија под број 02-606/1 од 17.03.2020 година, при што истото да се однесува и во однос на достава на предмети до Врховен суд на Република Северна Македонија.

8.Јавноста, странките, нивните полномошници и други учесници во постапката при доставување на своите барања задолжително да ја означат својата е-маил адреса и телефонски број, со цел да бидат контактирани и одговорите да им бидат доставувани електронски.

 

Со почит.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_