Одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка 01889/2020 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка 01889/2020

Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  |  02.3.2020
Одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка 01889/2020 од Основен суд Виница.

По распишаниот јавен оглас за јавна набавка број 01889/2020 од Основен суд Виница, Претседателот на судот ја донесе следнава одлука:

 

Република Северна Македонија
ОСНОВЕН СУД - ВИНИЦА
СУ-02-3/20-2
26.02.2020 година
В и н и ц а

 

Врз основа на член 122 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РСМ број 24/2019), член 88 од Судскиот деловник, а согласно со предлогот за избор на најповолна понуда, содржан во Извештајот на Комисијата за јавни набавки при Основен суд Виница Су02-3/2020-1 од 26.2.2020 година, Претседателот на судот на ден 26.02.2020 година, ја донесе следнава:

 

О Д Л У К А

за избор на најповолна понуда

 

Член 1

Со оваа Одлука се избира најповолна понуда за јавна набавка, по спроведена постапка за набавка од мала вредност со објавување оглас бр.01889/2020 на ЕСЈН, за набавка на опрема за видео надзор, вградување и инсталирање.

Член 2

Согласно предлогот содржан во извештајот на Комисијата за јавни набавки при Основен суд Виница, како најповолна е избрана понудата од економскиот оператор ДПТУ Сторм Компјутери Дооел -Виница со последна понудена цена на е -аукцијата спроведена преку ЕСЈН, од 50.500,00 денари без вклучен ДДВ.

 

Член 3

Претседателот на судот со економскиот оператор-носител на набавката од претходниот член ќе склучи Договор за јавна набавка на на опрема за видео надзор, вградување и инсталирање.

 

Член 4

Примерок од оваа Одлука, заедно со известувањето ќе се достави до понудувачот што учествувал во спроведената постапка за јавни набавки.

 

Член 5

Одлуката влегува во сила на денот на нејзиното донесување.

 

Основен суд Виница
Претседател,
Васка Петрова

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_