Провизија за плаќање на судски такси преку ПОС терминал во судот [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Провизија за плаќање на судски такси преку ПОС терминал во судот

Известувања, Новости  |  15.6.2017
Провизија за плаќање на судски такси преку ПОС терминал во судот

Провизија за плаќање на судски такси преку ПОС терминал во судот

Плаќањето на судски такси на шалтер на Македонски пошти или во било која комерцијална банка во земјата, подлежи на плаќање на „провизија“ - дополнителен износ за извршена услуга (пренос на пари).
Провизијата која се наплаќа при електронско плаќање преку ПОС терминалот во Основен суд Виница е одредена со договор со Шпаркасе банка- Скопје.

Провизијата на најголемиот дел од судските такси за издадени уверенија, потврди и заверки од судот, изнесува 30 (триесет) денари.

Тука спаѓаат:
1. Уверение за казнена и кривична евиденција („Уверение за не осудуван“)(*1),
2. Потврда за прекршочна евиденција,
3. Уверение за одземено родителско право („Уверение/Потврда за третто дете“)(*2),
4. Уверение за одземена деловна способност,
5. Уверение за заверка на документи („Заверка со печат АПОСТИЛЕ“)(*3),
6. Барање за увид на архивски предмет,
7. Издавање на препис.

Останатите судски такси се наплаќаат како износ - процент од вкупната вредност и тоа 2,5%.
Тука спаѓаат:
8. Барање за заверка на договор,
9. Барање за дозвола за склучување на малолетнички брак.

Со почит.


(*1),(*2),(*3)- Најчесто издавани уверенија, потврди, заверки.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_