Акционен план за намалување на заостаток на стари предмети, за 2021 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Акционен план за намалување на заостаток на стари предмети, за 2021 година

Announcements, News  |  Jan 13, 2021
Акционен план за намалување на заостаток на стари предмети

Основен суд Виница
СУ-04-5/21
08.01.2021 година
В и н и ц а


АКЦИOНЕН ПЛАН
за намалување на заостатокот на стари  предмети за 2021 година



Состојба  со стари  нрешени предмети

    На крајот на  2020 година незавршени  предмети  според годината на  прием во Основен суд  Виница  биле  следните:

    К- незавршени останале 53 предмети од  кои :
    2015 - 1 предмет
    2016 - 2 предмети
    2018 -  11 предмет
    2019 - 17 предмети и
    2020 - 39 предмети

    П1- незавршени останале 2 предмети  и истите се од 2020 година

    П5- незавршен останал  1 предмет од 2020 година

    П4- незавршени  останале 7 предмети  од кои :
    2019 -  1 предмет и
    2020 - 6 предмет     

    П2- незавршени останале  6 предмети ,  сите од 2020 година

    МАЛВП- незавршени останале 2 предмети , од  2020 година

    РО- незавршени останале  13 предмети .
    2019 - 2 предмети и
    2020 - 11 предмети

    ВПП1 - незавршен  останал  1 предмет од  2020 година
    
    ВПП2- незавршен останал 1 предмет од 2020 година

    ОДС - незавршен 1 предмет од 2020 годна

    ПРК- незавршени останале  257 предмети  од кои:
    2017 - 1 предмет
    2018 - 1  предмет
    2019 - 19 предмети и
    2020 - 236 предмети

    ЗАМ-К- незавршен останал 1 предмет од 2020 година

    КС-КР -незавршени останале 2 предмети од кои:
    2018 - 1 предмет
    2020 - 1 предмет
    
    КУИКП - незавршени останале 6 предмети од кои:
    2018 - 3 предмети
    2019 - 2 предмети
    2020 - 1 предмети

    КП- незавршен 1 предмет од 2020 година

    ИКП -  незавршени останале 23 предмети од кои :
    2019 - 1 предмет
    2020 - 22 предмети
    
    ИПРК - незавршени останале 21 предмети од кои:
    2019 - 1 предмет
    2020 - 20 предмети

    Претседателот на  Основен суд Виница  ќе ја  следи работата со старите нерешени  предмети  во Основен суд  Виница преку  АКМИС програмата,  преку  работното тело  во судот и месечните извештаи. Заедно  со  судиите кои постапуваат по предметите од кривичната и граѓанската област ќе предлагаат и преземаат мерки за решавање на старите предмети. За таа цел еднаш месечно при разгледување на месечниот извештај ќе се следи исполнувањето на планот односно решавањето на старите предмети.
    Судиите ќе доставуваат писмен извештај за старите нерешени предмети во месечните извештаи и причините  за нерешавањето на предметите со план кога предметот би се решил.
     Во 2021 година, обврска е на сите судии во Основен суд Виница, старите предмети  заклучно со 2015, 2016, 2017 и 2018 година, според годината на приемот да го решат до, првата половина на 2021 година а предметите од 2019 и  2020 година да ги решат до крајот на годината 2021.
     Претседателот на судот заедно со судијата кај кого се во работа старите нерешени предмети да изготват акционен план за намалување на заостатокот на предметите за 2021 година.
     Судиите во Основен суд Виница кои имаат во работа стари предмети во 2021 година, да посветат посебно внимание  за тој број да биде намален и да се утврди причината за нерешавањето на старите предмети.
    Во 2021 година секој месец со месечниот извештај судиите да доставуваат извештај за старите нерешени предмети кои се во работа кај нив, како и програма изготвена од судиите за начинот на решавање.
     Состојбата со старите предмети да се следи и да се  разгледува на заедничките состаноци од судиите и претседателот на судот.
    Со ажурното решавање на старите предмети ќе се придонесе и за намалување на поплаките на граѓаните за работата на Судовите како и за намалување на трошоците во судскиот буџет за исплата на  надоместоци за судење во неразумен рок, како и подобрување на јавното мислење за работењето на судовите .
    Во Основниот суд  во Виница се планира на крајот од 2021година да нема повеќе нерешени стари предмети и совладување на приливот на предметите во тековната 2021година. Ова под услов на испразнетото место судија во кривичната област, да биде избран судија бидејќи, на сега судијата кој работи на предмети од кривичната област во Основен суд Виница, во месец мај му истекува временото упатување за вршење на должноста судија од Основен суд  Кочани во Основен суд  Виница како и да биде избран судија-претседател на судот и  доколку  нема  други  објективни  причини  како  претходната  година ( пандемија  со вирусот КОВИД 19)  треба во судот да нема стари предмети.


                                                                                     
ВД Претседател на судот,
Васка Петрова


- Содржината на објавата можете да ја погледнете на оваа страница;

- Содржината на објавата во ПДФ форма - тука;

   


Decision search

Court
Case number
Date
_