ИНТЕРЕН оглас за вработување, број 1/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИНТЕРЕН оглас за вработување, број 1/2021

Njoftime, Risi  |  31 Dhj 2021
Интерен оглас за вработување

Република Северна Македонија
Основен суд Виница
СУ-04-385/21
31.12.2021 год.
Виница

   

Врз основа на член 20 и член 39 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20), Правилникот за систематизација на работните места во  Основен суд Виница Су-04-24/2015 од 03.04.2015 година, Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места на Основен суд Виница СУ-04-157/2018 од 26.12.2018 година, како и согласноста од Министерот за финансии бр.18-10211/2 од 21.12.2021 година и Согласноста од Судски буџетски совет  бр.08-918/9 од 23.12.2021 година, на ден 31.12.2021 година објавува,

 

ОСНОВНИОТ СУД ВИНИЦА

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2021

За унапредување на 1-еден  судски службеник

 

 

1.Категорија В, ниво В1 СУД0101В01002

Судски советник -1 еден извршител

 

Посебни услови за вршење на работите:

-стекнати 300 кредити според ЕКТС или  завршен VII/1 степен правен  факултет

- положен правосуден испит

-најмалку 3 години работно искуство во струката

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски),

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Работно време: од  понеделник до петок од 7,30 часот до 15,30 часот

Работни часови: неделно 40 часа

Нето плата ( за образование,  ниво и  звање)  28.604,00 денари

 

На интерниот оглас може да се јави судски службеник, вработен во судот кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво наведени во овој оглас, како и:

 

-да е оценет со оценка „особено се истакнува“ или се „истакнува“ при последното оценување;

-да е на работно место на непосредно пониско ниво или во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас .

 

Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:

-уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или нотарски заверено

-доказ за работното искуство

-сертификат за уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), во оригинал или нотарски заверено

-диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање  компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или нотарски заверено

Кон пријавата кандодатите покрај  горенаведение  докази,  можат да ги  приложат и  следните  докази:

-потврда за успешно релизирани обуки како  посетител,  не постари  од  5 години,

-потврда за успешно рализирани обуки  како  обучувач,  не постари од  5 години

-потврда за  успечно  рализирано  менторство како ментор,

-потврда за  успечно  реализирано  менторство како менториран

 

Условите кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со  точни податоци.

Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите се должни да ја достават во приемната писарница  во  Основен суд Виница.

Рокот за поднесување на пријавите е 8 дена сметано од денот на објавување на веб страната на судот.

 

Напомена:Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

 

Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20).

Прилози:

- Пријава за интерен оглас (Microsoft Word 2003, DOC документ);

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_