Јавен оглас за вработување во Основен суд Виница, број 1/18 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување во Основен суд Виница, број 1/18

Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  |  28.12.2018

Грб на Република Македонија

Република Македонија
Основен суд Виница
Су04-155/2018
26.12.2018 година
Виница

 

    Врз основа на член 20 и 25 од Законот за судска служба(Службен весник на РМ бр. 43/2014, 33/2015, 98/2015 и 198/18), Единствениот годишен план за вработување за 2018 година бр.08-1055/1 од 28.06.2018 година на Судски буџетски совет, Согласноста  за пополнување на слободно работно место бр.08-427/4 од 21.03.2018 година на Судски буџетски совет и чл.2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас ..., како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Службен весник на РМ бр.236/2018), Основен суд Виница, објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/2018
за вработување на судски службеник

 

 На работно место: Помлад судски референт-судски доставувач
-1(еден) извршител со  не определено времетраење на работниот однос
 Звање на категорија Г, ниво Г4

Посебни услови за вработување
-најмалку средно или вишо образование
-со или без  работно искуство
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски).Потребно е да се докаже со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение)

Покрај посебните услови за вработување на судските службеници предвидени во Правилникот за систематизација на работни места во Основен суд Виница, кандидатот треба да ги исполнува и општите услови
-да е државјанин на РМ
-да е полнолетен
-активно да го познава македонскиот јазик
-да има општа здравствена состојба
-да не му е изречена казна со правосилна  судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност
Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на општите и посебните услови за работно место во оригинал или копија заверена кај нотар.
Молбата, доказите, задолжително треба да содржи:име и презиме на кандидатот поткрепени  со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, е-маил адреса или контакт телефон.
Рокот за поднесување на молбите изнесува изнесува 15 (петнаесет) дена од денот на објавување на огласот во дневните весници(несметајќи го денот на самото објавување).
          Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Молбата со доказите, кандидатите се должни да ја достават непосредно во приемната писарница на судот, во работно време или по пошта на адреса :

 ОСНОВЕН СУД ВИНИЦА
Ул. „ Бел Камен “ бб Виница
 (со назнака за Јавен оглас број -1/18)
 
Не навремени, не целосни пополнети, не уредни и не комплетни молби нема да се разгледуваат. Кандидатот кој внел лажи податоци во пријавата се дисквалификува од понатамошната постапка.
Датумот и одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на интернет страницата на Основен суд Виница

ОСНОВЕН СУД ВИНИЦА


Документи и обрасци:

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_