За судиите
За судиите
Именик на судии
За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Виница се ангажирани 3 судии и тоа:
- Васка Петрова - ВД Претседател на судот;
- Даниела Костадинова Тиловска - Заменик претседател на судот, Одговорно лице за односи со јавноста;
- Спиро Борисов - делегиран од Основен суд Кочани, на не повеќе од една година.
Претседател
CV на Претседател
Судија Васка Петрова
Образование:
Родена е на 21.12.1959 година во Виница.
Средно образование - гимназија, завршува во родното место, по што се запишува на Природно математичкиот факултет - група биологија, а потоа и на Правниот факултет - правосудна насока, при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на кој дипломира во 1987 година.
Правосудниот испит го положува во 1991 година.
Работно искуство:
Од 1984 до 1988 работи во сопствена приватна фирма. Во 1989 се вработува како приправник во Општинскиот суд за прекршоци во Виница, а од 1991 година како стручен соработник во истиот суд. Од 1996 до 1997 година работи како стручен соработник во Основен суд Виница, а во 1997 година е избрана за судија во Основен суд Виница. Во декември 2001 година е избрана за Претседател во Основен суд Виница и повторно избрана на истата функција во февруари 2006 година, која ја извршува се до 22.02.2010 година. Како судија и Претседател на суд има работено на предмети од сите области, но претежно и во најголем дел на предмети од граѓанската област. По завршувањето на претседателската функција продолжува да работи како судија во истиот суд.
Избрана е за судија во Апелационен суд Штип на 10.06.2010.
За Претседател на Основниот суд Виница, како судија од Апелационен суд Штип, е избрана на 14.07.2016 година.
Објавени трудови и активности:
.
Судиите
Судија Даниела Костадинова Тиловска
Судија Даниела Костадинова Тиловска

Образование:
Основното и средното образование ги завршила во Виница. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје.
Работно искуство:
Во фебруари 2008 година била избрана за судија во Основниот суд Виница.
Објавени трудови и активности:
.
Судија Спиро Борисов
Судија Спиро Борисов

Образование:
Со одлука на Судскиот совет на РСВМ од 2020 година, судијата Спиро Борисов од Основен суд Кочани, е времено - на една година, делегиран за извршување на судиска функција во Основен суд Виница.
Судијата работи на предмети од кривична материја, а по потреба и на предмети од граѓанска.
Работно искуство:
Во фебруари 2020 година е делегиран за судија во Основниот суд Виница.
Објавени трудови и активности:
.