Организациска структура [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Организациска структура

СОСТАВ НА СОВЕТОТ

Советот е составен од 15 члена, од кои:

  • по функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда;
  • осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови. Тројца од избраните членови се припадници на заедниците кои не се мнозинствово Република Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници;
  • тројца членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија и
  • двајца членови на Советот предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор. На претседател на Врховниот суд на Република Македонија и на министер за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот.
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                          
(*) Мандатот на член кој е избран на дополнителни избори, поради предвремен престанок на мандатот на член на Советот на чие место е избран, трае шест години.

Најнови вести


Сите вести