Слободен пристап до информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Слободен пристап до информации

Правото за слободен пристап до информации од јавен карактер се остварува согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој се спроведува врз основа на Упатство за начинот и постапката за спроведување на законот донесено од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

 

Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите правни и физички лица како и странски правни и физички лица во согласност со овој закон и друг закон.

 

Пристапот до информациите од јавен карактер се врши по пат на поднесување усно или писмено.
По барањето за слободен пристап до информација од јавен карактер постапува Емилија Николиќ државен советник во Судскиот совет на РМ.

 

Основни податоци за контакт со Судскиот совет на РМ:
Судски совет на Република Македонија
ул. Македонија бр.5 Скопје
тел: 02 3218 130
факс: 02 3218 131
e-mail: contact@ssrm.mk
 
Барањето, како образец, го утврдува Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, а го пополнува барателот на информацијата. Барателот го доставува барањето до Судскиот совет на македонски јазик, со кирилично писмо, а барателот кој зборува службен јазик различен од македонскиот и писмо, барањето може да го достави и на службениот јазик и писмо што го употребува во согласност со закон.

 

Барателот, по поднесеното барање, има право на пристап до информацијата со која располага Судскиот совет на РМ на посакуваниот начин: со увид во информацијата, со нејзин препис, нејзино фотокопирање, со нејзин електронски запис.

 

За сите прашања за постапката по усното, писменото, или барањето во електронска форма, освен Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.

 

Прописите кои се однесуваат на надлежноста на Судскиот совет на РМ како имател на информации, се објавени на Веб страната на Судскиот совет на РМ во делот Законски и Подзаконски акти на Судскиот совет на РМ.

 

Согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер ( „службен весник на РМ“ бр. 13/2016, 86/08, 06/10, 42/14, 148/15 и 55/16) Судскиот совет на Република Македонија, како имател на информации, ја објавуа следната:

Л И С Т А
на информации од јавен карактер
Судски совет на Република Македонија

1. Својство и состав на Судски совет на Република Македонија;
2. Надлежности на Судски совет на Република Македонија;
3. Закон за Судски совет на Република Македонија;
4. Деловник за работа на Судски совет на Република Македонија; Извештај за работа на Судски совет на Република Македонија;
5. Акти за организација и ситематизација на работните места на Стручната служба на Судски совет на Република Македонија
6. Правилник за поведување и утврдување на трајно губење на способноста за вршење на судиска функција;
7. Правилник за формата и содржината на образецот и постапката за издавање и одземање на судската легитимацијa;
8. Правилник за начинот на споведување на анонимна анкета на вработените во судот каде кандидатот ја извршува судската функција;
9. Правилник за потребните видови на здравствените прегледи на лицата кои се избираат за судии или судии поротници;
10. Правилник за проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на лицата кои се избираат за судии или судии поротници;
11. Правилник за спроведување на психолошки тест и тест за интегритет;
12. Правилник за критериумите за давање на согласност на судија за вршење на активности во високообразовна институција;
13. Прирачник за комуникација на судовите со јавноста;
14. Огласи за избор на судии и претседатели во судовите на Република Македонија;
15. Одлуки за извршен избор на судии и претседатели во судовите на Република Македонија;
16. Одлуки за разрешување на судии и претседатели поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција;
17. Одлуки за изречени дисциплински мерки поради утврдена дисциплинска одговорност;
18. Одлуки за извршен избор и разрешување на судии поротници во судовите на Република Македонија;
19. Одлука за утврдување на орентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно;
20. Извештаи за спроведено оценување на судиите и претседателите во судовите на Република Македонија;
21. Соработка со други државни органи во Република Македонија;
22. Меѓународна соработка со соодветни органи на други држави на полето на организацијата на судството;
23. Статистички податоци за избрани судии и претседатели во одреден период;
24. Соопштенија за медиуми;
25. Соопштенија за одржани седници;


 Преземање

Контакт

Вера Андрејчин

Фиксен телефон:
02/ 3203 823
Мобилен телефон:

Емилија Николиќ

Фиксен телефон:
02/ 3203 828
Мобилен телефон: