Работилница во врска со Комуникациската стратегија на Судскиот совет и судовите на Република Северна Македонија (2024-2028) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работилница во врска со Комуникациската стратегија на Судскиот совет и судовите на Република Северна Македонија (2024-2028)

Соопштенија за јавност  |  21.5.2024

 

 

 

Работилница во врска со Комуникациската стратегија на Судскиот совет и судовите на Република Северна Македонија (2024-2028)

 

Во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ Судскиот совет на Република Северна Македонија денес одржува втора работилница, на која  се разгледува изработениот Предлог Комуникациска стратегија на Судскиот совет и судовите на Република Северна Македонија (2024-2028) со Акционен план.

Изработката и усвојувањето на Комуникациската стратегија  произлезе како активност предвидена во Акцискиот план за спроведување на препораките на Оценската мисија на ЕУ, а се однесува на комуникацијата на Судскиот совет и судовите со медиумите и подобрување на комуникациските знаења и вештини на Судскиот совет, судовите, судиите и портпаролите во судството, со цел да се усвојат високи европски стандарди за комуникација на сите нивоа во судството.

Целта на работилницата е активно учество и на претседателите на судовите, кои ќе  имаат можност да ги истакнат своите размислувања и забелешки за да истите бидат имплементирани во Комуникациската стратегија.