Соопштение од 427-та седница на Судскиот совет на РСМ - 11.01.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 427-та седница на Судскиот совет на РСМ - 11.01.2023 година

Соопштенија за јавност  |  11.1.2023

СООПШТЕНИЕ


Судскиот совет на Република Северна Македонија  известува дека  на 427-та седница одржана на ден 11.01.2023 година го измени дневниот ред и одлучи за следното:


1.    Усвоен е:
• Записникот од 424-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 19.12.2022 година;

2.    Усвоен е Извештајот на работната група од извршена работна посета на Апелационен суд Скопје и донесени се заклучоци  за констатирана состојба по предметите кои беа предмет на оценка;

3.    Усвоено е Барањето за надомест на патни трошоци на судија;

4.    Расправаше по Извештај на Комисија на известители по поднесно барање за поведување постапка за утврдување одговорност на судија и изрече дисциплинска мерка намалување на платата во висина од 20% од месечната плата на судија во траење од  шест месеци;

5.    Донесени се одлуки за престанок на судиската функција на судии поради исполнување на услови за старосна пензија и тоа:

-за судија Весна Калковска од Основен граѓански суд Скопје и
-за судија Бошко Богдановски од Апелационен суд Битола и

6.    Приговорите од тројца судии на Основен суд Прилеп против одлуки за распоредување во друг оддел се одбиени како неосновани.