СООПШТЕНИЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ ЗА ИЗЈАВАТА НА АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ВО РС МАКЕДОНИЈА, ДЕЈВИД ГИР [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ ЗА ИЗЈАВАТА НА АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ВО РС МАКЕДОНИЈА, ДЕЈВИД ГИР

Соопштенија за јавност  |  06.7.2023

 

 

 

СООПШТЕНИЕ  НА СУДСКИОТ СОВЕТ ЗА ИЗЈАВАТА НА АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ВО РС МАКЕДОНИЈА, ДЕЈВИД ГИР

Судскиот совет на Република Северна Македонија  ја поздравува и  ја прифаќа  идејата на Амбасадорот на Европската Унија во РС Македонија, Дејвид Гир  дадена во интервју за Топ Тема на Телевизија Телма, во која  тој  најавува дека  веќе и е предложено на Владата  да се испрати оценска мисија  за работата  на ова тело.

Судскиот совет  високо ги цени напорите на ЕУ,но и личниот ангажман на  Амбасадорот  во изнаоѓање на конкретни  решенија, кои треба да доведат до тоа  оваа институција да може докрај да ги оствари своите законски надлежности, но и уставната мисија која е  во функција на  штитење и промовирање на независноста, професионалноста и интегритетот на судството и на судиите. 

Членовите изразуваат  целосна подготвеност  за отворена и транспарентна соработка со  надворешни и  домашни непристрасни  и објективни експерти, бидејќи сметаат дека  само на тој начин ќе се добие многу  пореална  и вистинска слика  за  функционирањето   и начинот на одлучување во Судскиот совет.

 Од Судскиот совет   изразуваат  голема загриженост  од фактот што во изминативе недели, ова тело е изложено на  жестока и неаргументирана  медиумска и  политичка кампања, како и  притисок од невладиниот сектор со отворени повици за оставки, со  намера комплетно да се  дезавуира кредибилитетот  на членовите, но и  угледот на институцијата во  целина. Потсетуваме дека Судскиот совет  е  значајна  и неопходна алка  во  правосудниот систем, како  и важен сегмент на реформскиот пат на Република Македонија во евроинтегративните  процеси.

Членовите  се свесни за  лошата перцепција што е креирана  во јавноста во изминатите месеци, но одбива да прифати дека  работи нелегитимно и се носат  незаконски  и неаргументирани одлуки, со кои наводно се штитат нечии лични или партиски интереси. И покрај тоа што сите седници на Судскиот совет се јавни, остануваме разочарани што јавноста и граѓаните веќе подолг период остануваат  покуси  и неинформирани  за голем  број активности што ги спроведува во моментов Советот, а  кои опфаќаат интензивна  работа околу  редовната оценка на судиите, избор на нови судии од редот на академците, како и  на претседатели на судови, посети, извештаи, постапки за утврдување на одговорност на судии.  

Воедно, Судскиот совет уште еднаш потврдува  дека  останува докрај подготвен за соработка  со Амбасадорот Дејвид Гир, за да може  отворено да се разговара за сите прашања и предизвици што стојат пред судството и државата во иднина.