Соопштение од 442-та седница на Судскиот совет на РСМ - 22.05.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 442-та седница на Судскиот совет на РСМ - 22.05.2023 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 442-та седница одржана на ден 22.05.2023 година одлучи за следното:
1. Усвоени се:
- Записник од 435-та седница на Судскиот совет на РСМ од 22.03.2023 година;
- Записник од 437-та седница на Судскиот совет на РСМ од 18.04.2023 година;
2. Утврден е престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на следните судии: Аце Бакиевски од Апелационен суд Битола, Исмаил Елези од Основен суд Кичево, Зоран Стеваноски од Основен суд Прилеп и Александра Зафироска од Основен суд Тетово;
3. Донесена е Одлука за определување на ВД претседател на Основен суд Прилеп за Јасмина Шишковска Стојковиќ – судија на Основен суд Прилеп;
4. Усвоен е извештајот на Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документите на кандидати од спроведена постапка по оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Крушево и Основен суд Прилеп;
- Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово и Основен суд Крушево;
- Формирана е Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документите на кандидати од спроведена постапка по оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово и Основен суд Крушево;
5. Донесени се одлуки за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Кочани на Томе Зашев поради навршени 60 години старост и на Христина Петрушевска од Основен суд Кратово, по нејзино барање;
6. Донесена е одлука за избор на 5(пет) судии поротници на Основен суд Кочани;
7. Формирана е Комисија на известители по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.