Соопштение од 473-та седница на Судски совет на РСМ - 17.01.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 473-та седница на Судски совет на РСМ - 17.01.2024 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 473-та седница одржана на ден 17.01.2024 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:
1. Усвоени се:
- Записник од 466-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 27.11.2023 година и продолжение од 05.12.2023 година;
- Записник од 467- та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 06.12.2023 година;
- Записник од 468-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 12.12.2023 година и
- Записник од 470- та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 28.12.2023 година;
2. За судии поротници на Основен суд Виница избрани се: Стефан Мицов, Васка Николова, Александра Давиткова, Јована Јангеловска, Давид Трајанов, Билјана Јовева, Слаѓана Костадиновска, Игор Димитров и Елена Ѓорѓиева;
3. Утврден е престанок на функцијата судија поротник на Апелационен суд Скопје на Билјана Ангелова Смилева, по сопствено барање;
4. Усвоено е барањето за патни трошоци на судија Влатко Сековски од Основен кривичен суд Скопје;
5. Донесена е Одлука со која Виолета Крстиновска, судија на Основниот суд Ресен, времено се упатува за вршење на судиската функција во Основниот суд Прилеп, сметано од 02.02.2024 година, за период од (1) една година од денот на упатувањето;
6. Расправаше по Извештај за констатирана состојба и донесена е Одлука за запирање на постапката по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија Беса Адеми, претседателка на Врховен суд на Република Северна Македонија;
7. Расправаше по приговори од судии на Основен суд Тетово, Верка Костовска и Бетим Јахја изјавени против Годишен распоред за работа на Основниот суд Тетово за 2024 година и најде дека Судскиот совет не е надлежен да постапува по истите и одлучи приговорите да се достават до Врховен суд на РСМ на надлежно постапување и
8.Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.