Соопштение од 367-та седница на Судски совет на РСМ - 25.03.2021 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 367-та седница на Судски совет на РСМ - 25.03.2021 година
Соопштенија за јавност
|
25.3.2021
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 367-та седница одржана на ден 25.03.2021 година, го дополни Дневниот ред и одлучи за следното:
- Усвоен е:
- Записникот од 360-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 28.01.2021 година.
- Записникот од 363-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 16.02.2021 година.
- Донесена е Oдлукa за утврдување на бројот на слободни судиски места на деветтата генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители.
- Донесена е Oдлукa за престанoк на судии поротници во Основниот кривичен суд Скопје.
- Донесени се одлуки за продолжување на постапката по две барања за утврдување на одговорност за судија/претседател на суд.
- Формирани се комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност за судија/претседател на суд.