Средба на претседателката Дамева со амбасадорот Коп за обновување на проектот МАТРА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на претседателката Дамева со амбасадорот Коп за обновување на проектот МАТРА

Соопштенија за јавност  |  06.2.2024

 

 

 

Средба на претседателката Дамева со амбасадорот Коп за обновување на проектот МАТРА

 

Претседателката на Судскиот совет на Република  Северна Македонија, Весна Дамева денес се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп, на која и беше предадено известување  за обновениот проект „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, финансиран од Владата на Холандија, кој е од особено значење за  Судскиот совет а беше ставен во мирување во мај 2023 година.

Претседателката Дамева изрази искрена благодарност за заложбите на амбасадорот Коп и Владата на Кралството Холандија, кои во исклучително краток период го обновија овој клучен проект за Судскиот совет на Република Северна Македонија, а воедно изрази благодарност и за дадената  доверба и поддршка.

Амбасадорот Коп истакна дека ќе продолжи блиската соработка на Холандската амбасада со Судскиот совет на Република Северна Македонија и посака успешна имплементација на проектните активности.

 

 

                                                                 Кабинет на претседателката на

                                                                   Судскиот     совет на

                                                            Република Северна Македонија