Соопштение од 477-та седница на Судскиот совет на РСМ - 12.02.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 477-та седница на Судскиот совет на РСМ - 12.02.2024 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 477-та седница одржана на ден 12.02.2024 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:
- Усвоени се:
- Записник од 463-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 08.11.2023 година;
- Записник од 473-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 17.01.2024 година;
- Записник од 475-та итна седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 25.01.2024 година;
2. За судија на Апелационен суд Гостивар е избрана Емине Мурати – судија на Основен суд Гостивар;
3. Донесена е одлука по изјавена жалба на ранг листи за избор на 2 (двајца) судии на Апелационен суд Штип и тоа еден за кривична и еден за граѓанска област, така што жалбата на Сузана Милевска, судија на Основен суд Кочани се одбива;
- Усвоена е конечна ранг листа за избор на судии на Апелационен суд Штип;
4. Формирана е Комисија за подготвување на кандидатски листи по објавен оглас за избор на еден член на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите од Врховен суд на РСМ и еден член од редот на судиите од апелационо подрачје Битола, во состав:
- Сашко Георгиев – Претседател на Комисија;
- м-р Ивица Николовски – член на Комисија и
- м-р Селим Адеми – член на Комисија;
5. Формирана е Комисија за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во РСМ во состав:
- м-р Антоанета Димовска – претседател на Комисија;
- Лорета Горгиева – член на Комисија и
- М-р Миљазим Мустафа – член на Комисија;
- Донесена е одлука со која се усвојува дополнувањето на Планот за јавни набавки на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година;
- Утврден е престанок на судиската функција на Ифет Бајрамоски – судија на Основен суд Струга, поради исполнување на услови за старосна пензија;
- Донесена е одлука со која Вулнет Винца, судија на Основен суд Охрид, времено се упатува за вршење на судиска функција во Основен суд Струга, за период од 1 година од денот на упатувањето;
- Донесена е одлука со која за ВД претседател на Основен суд Струга се определува Вулнет Винца, судија на Основен суд Охрид;
10.Утврден е престанок на функцијата судија поротник на 12 судии поротници на Апелационен суд Гостивар, поради истек на мандатот;
11.Усвоено е барањето за патни трошоци на Габриела Гајдова, судија на Апелационен суд Скопје;
12.Донесена е Одлука за продолжување на постапката по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
- Формирани се Комисии по поднесени Барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.