Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на Годишната судиска конференција
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на Годишната судиска конференција



Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на
Годишната судиска конференција
Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на Годишната судиска конференција на тема „Квалитетно правораздавање – Предуслов за обнова на јавната доверба“ организирана од Здружението на судиите на Република Северна Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод Денот на правосудството.
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева во своето обраќање упати честитки до сите присутни, како и до сите кои се дел од правосудниот систем, со порака сите заеднички, со здружени сили, поединечно и во состав на судовите и институциите да дадеме се од себе за нашето судство, за нашата држава бидејќи само преку заедничко делување може да се направи чекор напред, да ја вратиме довербата на граѓаните и да помогнеме нашата држава да биде дел од европското семејство.
На конференцијата панелист беше и м-р Антоанета Димовска, член на Советот, која зборуваше за системот за професионален развој на судиите, базиран на заслуги, квантитативни и квалитативни стандарди во однос на дискреционите овластувања.