Соопштение од 365-та седница на Судски совет на РСМ - 26.02.2021 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 365-та седница на Судски совет на РСМ - 26.02.2021 година

Соопштенија за јавност  |  26.2.2021

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 365-та седница  одржана на ден 26.02.2021 година,  го дополни Дневниот ред  и одлучи за следното:

 

  1. Усвоен е:
  • Записникот од 361-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 8.02.2021 година.

 

  1. Донесени се одлуки за престанок на судии поротници на Основен суд Кочани,  Основен суд Крива Паланка, Основен суд Кратово и Основен граѓански суд Скопје и за избор на судии поротници на Основен суд Кочани, Основен суд Крива Паланка и Основен суд Кратово.

 

  1. Разгледани се и оценети извештаите на судовите во Република Северна Македонија, за четвртото тромесечие за 2020 година.

 

  1. Расправано е по извештаите на комисиите во повторените постапки по повод конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и  донесени се одлуки со кое е утврдено  нестручно и несовесно вршење на судиската функција на двајца сега поранешни судии.

 

  1. Донесена е одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија / претседател на суд.

 

Донесена е одлука со која се запира постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија / претседател на суд.