Средба на Претседателот Здравев со Амбасадорот Гир и неговиот заменик Васало
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба на Претседателот Здравев со Амбасадорот Гир и неговиот заменик Васало
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗДРАВЕВ
СО АМБАСАДОРОТ ГИР И НЕГОВИОТ ЗАМЕНИК ВАСАЛО
Претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија Киро Здравев, денеска оствари средба со Aмбасадорот и Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Н.Е. г. Дејвид Гир и со неговиот заменик г.Џулијан Васало.
Претседателот Здравев ги запозна Амбасадорот и неговиот заменик со надлежностите и составот на Судскиот совет, со улогата која ја има Судскиот совет како независен орган на судството, како и со активностите на Судскиот совет во изминатата година, во врска со изготвувањето на подзаконските акти во насока на импементација на новиот Закон за Судскиот совет на Република Северна Македонија.
На средбата се разговараше и за следењето на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите, начинот на кој се справува и функционира судството во услови на пандемијата предизвикана со КОВИД-19, за имплементацијата на Стратегијата за човечки ресурси за судската мрежа, како и за други актуелни состојби во судството.