Соопштение за 417-та седница на Судскиот совет на РСМ - 19.10.2022 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 417-та седница на Судскиот совет на РСМ - 19.10.2022 година
Соопштенија за јавност
|
12.10.2022
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 19.10.2022 година (среда) со почеток во 10:30 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 417-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 19.10.2022 година, со почеток во 10,30 часот
- Усвојување на:
- Записник од 408-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 07.07.2022 година;
- Записник од 410-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 21.07.2022 година;
- Записник од 413-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 24.08.2022 година;
- Записник од 415-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 07.09.2022 година;
- Разгледување и одлучување по извештаи на комисии со предлог оценки на кандидати за судии и претседатели на судови.
- Донесување на Одлуки за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Неготино и Основен суд Струга и Одлуки за избор на судии поротници на Основен суд Неготино и Основен кривичен суд Скопје;
- Одлучување по поднесено барање за надомест за закупнина на стан;
- Разгледување на Извештај на Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документи по објавени огласи за избор на претседатели на Апелационен суд Штип, Основен суд Берово, Основен суд Битола, Основен суд Крушево и Основен суд Куманово;
- Формирање на Комисии за увид и оцена на судии и претседатели на судови и Комисија за оценување на работата на кандидати за претседатели на судови;
- Разгледување и усвојување на Предлог Етички кодекс за членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија;
- Разгледување на барање за времено упатување од Основен суд Кичево;
- Разгледување на Извештај од работна посета во Основен суд Неготино;
- Одлучување по известување на Комисија по поднесено барање за повторување на постапка;
- Формирање на Комисии на известители по поднесени барања за поведување постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;
- Разно.