Соопштение од 415-та седница на Судскиот совет на РСМ - 07.09.2022 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 415-та седница на Судскиот совет на РСМ - 07.09.2022 година
Соопштенија за јавност
|
07.9.2022
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 415-та седница одржана на ден 07.09.2022 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
1. Усвоени се:
- Записникот од 399-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 05.04.2022 година и
- Записникот од 400-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 07.04.2022 година;
2. Усвоена е Програма со акционен план за превенција и следење на корупцијата во судството 2022-2025;
3.Формирана е Комисија за навременост на пријавите за комплетност на документите во врска со објавени огласи за избор на претседатели на судови;
4. Донесена е Одлука за престанок на функцијата судија поротник на Апелационен суд Скопје по сопствено барање и за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Гостивар поради истек на мандат;
5. Констатиран е престанок на судиска функција на судија Татјана Клинчарска од Основен граѓански суд Скопје поради исполнување на услови за старосна пензија;
6. Расправаше по Извештајот за констатирана фактичка состојба по барање за поведување постапка за одговорност на судии/претседател на суд и постапката по барањето е запрена.