Соопштение од 417-та седница на Судскиот совет на РСМ - 19.10.2022 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 417-та седница на Судскиот совет на РСМ - 19.10.2022 година

Соопштенија за јавност  |  19.10.2022
СООПШТЕНИЕ
 
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на  417-та седница одржана на ден 19.10.2022 година  го измени дневниот ред и одлучи за следното:
 
1. Усвоени се:
Записникот од 410-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 21.07.2022 година;
Записникот од 413-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 24.08.2022 година;
Записникот од 415-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 07.09.2022 година;

2. Усвоени се предлог оценки на кандидати за судии и претседатели на судови;

3. Донесени се Одлуки за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Неготино и Основен суд Струга и Одлуки за избор на судии поротници на Основен суд Неготино, Основен суд Кавадарци и Основен кривичен суд Скопје;

4. Донесена е одлука со која се признава правото за надомест за закупнина на стан;

5. Усвоен е Етички кодекс за членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија;

6. Донесена е Одлука за времено упатување на судија Павле Рафајлоски од Основен суд Гостивар во Основен суд Кичево за период од 6 месеци сметано од денот на упатување;

7. Разгледан е Извештај од работна посета во Основен суд Неготино;

8. Барањето за повторување на постапка се отфрла и постапката се запира;

9. Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за поведување постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;

10. Донесена е одлука со која се утврдува престанок на судиската функција на Јане Тренчевски судијаод Основен суд Прилеп, поради смрт.