Соопштение од 414-та седница на Судскиот совет на РСМ - 31.08.2022 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 414-та седница на Судскиот совет на РСМ - 31.08.2022 година
Соопштенија за јавност
|
31.8.2022
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 414-та итна седница одржана на ден 31.08.2022 година одлучи за следното:
- Донесена е Одлука со која се утврдува бројот на слободни судиски места за основните судови во Република Северна Mакедонија на 100 (сто), за IX-та (деветтата) генерација на кандидати за судии во Академијата за судии и јавни обвинители;
- Поднесените барања-изјави од судии за продолжување на мандатот се одбиени како неосновани;
- Констатиран е престанок на судиска функција на судија Жарко Велески од Основен суд Прилеп поради исполнување на услови за старосна пензија и
- Донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје.