Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на Годишната судиска конференција [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на Годишната судиска конференција

Соопштенија за јавност  |  03.4.2024

 

 

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на

Годишната судиска конференција

Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на  Годишната судиска конференција на тема „Квалитетно правораздавање – Предуслов за обнова на јавната доверба“ организирана од Здружението на судиите на Република Северна Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод Денот на правосудството.

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева во своето обраќање упати честитки  до сите присутни, како и до сите кои се дел од правосудниот систем, со порака сите заеднички, со здружени сили, поединечно и во состав на судовите и институциите да дадеме се од себе за нашето судство, за нашата држава бидејќи само преку заедничко делување може да се направи чекор напред, да ја вратиме довербата на граѓаните и да помогнеме нашата држава да биде дел од европското семејство.

На конференцијата  панелист беше и м-р Антоанета Димовска, член на Советот, која зборуваше за системот за професионален развој на судиите, базиран на заслуги, квантитативни и квалитативни стандарди  во однос на дискреционите овластувања.