Соопштение
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение
Соопштенија за јавност
|
28.2.2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет свесен за сите состојби во државата, сепак смета дека е нужно да го искаже своето мислење за најавените законски измени. Неспорно е дека постои голема разлика помеѓу платите на судиите и вработените во судството. Немаме двојба по однос на тоа дека секој вработен мора за својата работа да биде платен онолку колку што е неопходно за достоинствен живот, но тоа не може да биде причина да не реагираме.
Судството како независна власт која е од витално значење за функционирање на државата од аспект на решавање на најзначајните проблеми на граѓаните, секоја година решава илјадници предмети и се грижи за владеење на правото.
Судиите во извршување на своите функции мора да бидат независни, компетентни и непристрасни. Токму од овие причини платите на судиите се регулирани со посебен закон. Највисокото законодавно тело при донесување на законите должно е да ги почитува Уставот и меѓународните договори кои ги ратификувало. Овој закон е донесен токму во согласност со уставот и маѓународните договори кои се ратификувани од Собранието, но и со почитување на меѓународните стандарди кои се однесуваат на судството.
Финансиската независност на судството е од огромно значење за самостојноста и независноста на судството воопшто, па со интервенција во закон во кој е загарантирана платата на судијата, со недостаток на финансиски средства за исплата на додатоци на плати за вработените во судството, незголемување на платите на вработените во судството, неодобрување на сите побарани согласности за нови вработувања, директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите и на независноста и самостојноста на извршување на судската власт.
СУДСКИ СОВЕТ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА