Соопштение од 497-та итна седница на Судскиот совет на РСМ - 05.09.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 497-та итна седница на Судскиот совет на РСМ - 05.09.2024 година

Соопштенија за јавност  |  05.9.2024

 

 

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 497-та седница одржана на ден 05.09.2024 година (четврток) одлучи за следното:

 

1.Разгледан и усвоен е Извештајот од Работна група за констатирана состојба по предмети на Основен кривичен суд Скопје;

2.Разгледан и усвоен е Извештајот од Работна група за констатирана состојба по предмет на Апелационен суд Скопје и истиот да се достави до Основно јавно обвинителство Скопје;

3.Утврден е престанок на судиска функција на Богоја Стрезоски, судија на Основен суд Охрид, поради исполнување на услови за старосна пензија;

  1. Донесени се одлуки за престанок на судии поротници на Основен суд Велес и Основен кривичен суд Скопје и тоа:

-На Јасминка Бонева, Снежана Манаскова и Биљана Манева, судии поротници на Основен суд Велес, поради навршени 60 години старост;

-На Марјан Јаќимовски, Соња Петрушевска и Нела Попова, судии поротници на Основен суд Велес, поради истек на мандат и

-На Јана Спироска, Емина Косовиќ, Иванка Милковска, Елизабета Трајковиќ, Валентина Цаповска, Валентина Цветковска, Тони Галевски, Гордана Јаневска, Анета Јововска, Вергина Атанасова, Ангела Бошковска и Марија Зивосовска, судии поротници на Основен кривичен суд Скопје,  поради истек на мандат.

-Донесни се одлуки за избор на судии поротници на Основен суд Велес и Основен кривичен суд Скопје:

  • За судии судии поротници на Основен суд Велес се избрани:

 

  • Марјан Јаќимовски
  • Соња Петрушевска
  • Нела Попова
  • Елизабета  Ѓошева
  • Силвана Панова Мановска
  • Невенка Ахмедова
  • Селма Абдуловска и
  • Сандра Јорданова.
  • За судија поротник на Основен кривичен суд Скопје е избрана Емина Косовиќ.
  1. Донесена е одлука со која Иван Колевски, судија на Основен суд Битола, времено се упатува за вршење на судиската функција во Основниот суд Прилеп, сметано од 07.09.2024 година,  за период од 1 (една) година од денот на упатувањето.

Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=UvO3Rp9aZv0