Настан организиран од Институтот за човекови права [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Настан организиран од Институтот за човекови права

Соопштенија за јавност  |  03.6.2024

 

 

Настан организиран од Институтот за човекови права на тема „Граѓанскиот сектор-двигател за заштита на човековите права и владеење на правото“

 

По повод одбележување на 15 години од своето постоење, во рамки на програмата „Пристап до правда за сите“, финансиски поддржан од Делгацијата на ЕУ во РСМ, Институтот за човекови права организираше настан на тема „Граѓанскиот сектор-двигател за заштита на човековите права и владеење на правото“.

На настанот свое обраќање имаше Претседателката на Судскиот совет на РСМ, во кое го изрази задовоството од досегашната соработка со Институтот за човекови права, како и воопшто со граѓанскиот сектор, со надеж дека таа соработка ќе продолжи, а кое е во интерес на Судскиот совет, судството и државата воопшто.

Претседателката Дамева наведе дека во секое демократско општество многу важна е улогата на граѓанскиот-невладиниот сектор, кој е извор и креатор на перцепцијата на граѓаните во судството. Граѓанскиот активизам е еден од важните столбови на демократијата и доколку внимателно се слуша гласот на граѓанскиот сектор, можат да се извлечат многу значајни поуки и да се донесат важни заклучоци.

Истакна дека критиките од претставниците на граѓанскиот сектор, Советот не ги игнорира, туку секоја конструктивна и агрументирана критика ја прифаќа аформативно и таквите критики се патоказ во насока на подобрување на состојбата.

Го изрази задоволството од покажаниот интерес на граѓанскиот сектор за работата на Советот преку редовно следење, односно мониторинг на седниците на Советот од страна на претставници на ИЧП и други граѓански здруженија и изготвувањето на извештаи, кои Советот ги разгледува, анализира и превзема дејствија во врска со нотираните забелешки. Наведе дека Судскиот совет имајќи го во предвид значењето на граѓанскиот сектор, со новите измени во Деловникот активно го вклучи граѓанскиот сектор при разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работата на Советот.

Претседателката наведе дека во наредниот период пред Судскиот совет стојат важни предизвици со цел целосна имплементација на препораките на ЕУ нотирани во Извештајот на Оценската мисија, како и фактот дека поголемиот дел веќе се имплеметирани пред утврдената временска рамка во Акцискиот план, кое будно се следи од страна на претставниците на ИЧП и претставници на други граѓански здруженија кои ја следат работата на Советот. Истакна дека на Судскиот совет му е особено значајно да се докаже дека е на патот на својата задача и дека во полн капацитет ги остварува своите надлежности и ги имплементира препораките на ЕУ.

Упати порака до граѓанските организации да продолжат да ја следат работата на Советот, да продолжат да го критикуваат кога има основ, а Советот е должен да ги анализира критиките и забелешките и да превзема дејствија и активности, со цел подобрување на својата работа и постапување.