С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Комисијата за спроведување на избори на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите ја известува јавноста и медиумите дека денес 04.09.2024 година се спроведоа избори за член на Судски совет на РСМ, и тоа од редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20% од населението на Република Северна Македонија.
Изборите се спроведоа во најдобар ред во изборните места во сите судовите во Република Северна Македонија и согласно прелиминарните резултати за член на Судски совет на РСМ од редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20% од населението на Република Северна Македонија е избрана Џенета Бектовиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје.
КОМИСИЈА
за спроведување на избори на
членови Судскиот совет на РСМ
од редот на судиите
Претседател,
Емилија Шопар Јованова
Член
Даниела Алексовска-Стојановска
Член
Јелена Кадриќ