Соопштение од 347--та седница на Судски совет на РСМ - 21.09.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 347--та седница на Судски совет на РСМ - 21.09.2020 година

Соопштенија за јавност  |  21.9.2020

СООПШТЕНИЕ


             Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 347-та седница одржана на ден 21.09.2020 година, со дополнет Дневен ред, одлучи за следното:

1.Усвоени се:
• Записникот од 340-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 27.05.2020 година и 28.05.2020 година;
• Записникот од 343-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 30.06.2020 година;
• Записникот од 344-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 09.07.2020 година;
• Записникот од 345-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 20.07.2020 година и
• Записникот од 346-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 26.08.2020 година.

2.Донесена е Одлука за утврдување престанок на функција судија-поротник во Основен суд Гостивар, на Карафил Попоски, поради навршени 60 години старост.

3.Донесени се одлуки по поднесени барања за надомест на закуп за членови на Судски совет на РСМ и судија на основен суд, како и надомест на патни трошоци за судија на основен суд.

4.Донесена е Одлука за продолжување на мандатот на судија кој поднел изјава за продолжување на мандатот, согласно прописите за работни односи, и тоа за:
• Милка Танеска, судија на Основен суд Охрид.

5.Донесена е Одлука за утврдување на престанок на судиска функција на Фатмир Даути, судија на Основен суд Струга, по сопствено барање.

6.Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија м-р Африм Јакупи од Апелационен суд Гостивар во Апелационен суд Скопје, за период од 1.10.2020 година до 31.12.2020 година.

  Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Златко Анѓелкоски од Апелационен суд Гостивар во Апелационен суд Скопје, за период од 1.10.2020 година до 31.12.2020 година.

  Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија м-р Али Алиу од Апелационен суд Гостивар во Апелационен суд Скопје, за период од 1.10.2020 година до 31.12.2020 година.

  Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Татјана Сусулеска од Апелационен суд Битола во Апелационен суд Скопје, за период од 1.10.2020 година до 31.12.2020 година.

  Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Жаклина Доведен од Апелационен суд Битола во Апелационен суд Скопје, за период од 1.10.2020 година до 31.12.2020 година.

  Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Пакизер Алиоска од Апелационен суд Битола во Апелационен суд Скопје, за период од 1.10.2020 година до 31.12.2020 година.

  Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Бојанчо Донев од Основен суд Велес во Основен суд Неготино, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.

  Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Лорета Тодорова од Основен суд Велес во Основен суд Кавадарци, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.

7.Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите во Република Северна Македонија за II тромесечие за 2020 година и тоа за: Врховен суд на Република Северна Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.
 
8.Формирани се комисии на известители по 4 (четири) поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

       Точката од Дневниот ред – „Постапување по предмети за утврдување на одговорност за судија/претседател на суд“, се одлага за наредна седница.