Соопштение за избор на нови членови на Судскиот совет на Република Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за избор на нови членови на Судскиот совет на Република Македонија

Press realeses  |  Dec 11, 2018
На ден 10.12.2018 година ќе се спроведе избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија...
СООПШТЕНИЕ
Скопје, 11 декември 2018 година

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРОТ НА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Во врска со распишаниот оглас за избор на членови на Советот од редот на судиите и тоа:
  • 1 (еден) член од редот на судиите од Врховниот суд на Република Македонија;
  • 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Скопје и управните судови;
  • 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Гостивар;
  • 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Штип и
  • 1 (еден) член од редот на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија за целата територија на Република Македонија,
Комисијата за спроведување на избори по сумирање на резултатите од изборните места и утврдување на изборниот резултат од гласањето на ден 10.12.2018 година за избор на членови на Советот од редот на судиите, констатираше дека се избрани следните кандидати:
За член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите од Врховен суд на Република Македонија е избран:
  • КИРО ЗДРАВЕВ;
За член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите од апелационо подрачје Скопје и управните судови е избран:
  • ГОРДАНА СПИРЕВСКА;
За член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите од апелационо подрачје Гостивар е избран:
  • ЗОРАН ТЕОФИЛОВСКИ;
За член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите од апелационо подрачје Штип е избран:
  • ЛОРЕТА ГОРГИЕВА;
За член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија за целата територија на Република Македонија е избран:
  • МИРСАД СУРОЈИ.
„Гласањето помина во најдобар ред и без никакви проблеми - изјави претседателот на Комисијата Владе Богданоски – член на Судскиот совет на Република Македонија.

 

Новоизбраните членови на Советот ќе стапат на новата функција по давањето на Свечената изјава пред Претседателот на Собранието на Република Македонија.