Остварена средба на Судскиот совет на РСМ со Оценската мисија за корупција, организиран криминал и перење пари
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Остварена средба на Судскиот совет на РСМ со Оценската мисија за корупција, организиран криминал и перење пари
Членовите на Судскиот совет на РСМ по втор пат одржа работен состанок со Оценската мисија базирана на предмети во областа на висок профил на корупција, организиран криминал и перење пари од страна на Европската комисија.
На состанокот присуствуваа членовите на ССРСМ Гордана Спиреска, Владе Богданоски и Мирсад Суроји. Од страна на Оценувачката мисија присуствуваа експерти од земјите членки на ЕУ и претставници на Европската комисија и Делегацијата на ЕУ.
Присутните разговараа за работата на Судскиот совет, за состојбата во судството, финансиите со кои располага судската власт, како и за начините за борба против организиран криминал.
Целта на Оценската мисија е да и обезбеди на Европската комисија проценка на капацитетот на земјата за ефикасно решавање на предметите од висок профил на корупција преку анализа на предмети и применетата методологија, постапка и техника во врска со нив.