Остварена средба на Судскиот совет на РСМ со Оценската мисија за корупција, организиран криминал и перење пари [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Остварена средба на Судскиот совет на РСМ со Оценската мисија за корупција, организиран криминал и перење пари

Соопштенија за јавност  |  15.10.2019
Членовите на Судскиот совет на РСМ по втор пат одржа работен состанок со Оценската мисија базирана на предмети во областа на висок профил на корупција, организиран криминал и перење пари од страна на Европската комисија...

     Членовите на Судскиот совет на РСМ  по втор пат одржа работен состанок со Оценската мисија базирана на предмети во областа на висок профил на корупција, организиран криминал и перење пари од страна на Европската комисија.
     На состанокот присуствуваа членовите на ССРСМ Гордана Спиреска, Владе Богданоски и Мирсад Суроји. Од страна на Оценувачката мисија присуствуваа експерти од земјите членки на ЕУ и претставници на Европската комисија и Делегацијата на ЕУ.
     Присутните разговараа за работата на Судскиот совет, за состојбата во судството, финансиите со кои располага судската власт, како и за начините за борба против организиран криминал.
     Целта на Оценската мисија е да и обезбеди на Европската комисија проценка на капацитетот на земјата за ефикасно решавање на предметите од висок профил на корупција преку анализа на предмети и применетата методологија, постапка и техника во врска со нив.