Соопштение за 318-та седница на Судски совет на РСМ - 26.09.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за 318-та седница на Судски совет на РСМ - 26.09.2019 година

Соопштенија за јавност  |  19.9.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 26.09.2019 година (четврток) со почеток во 11,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија...

СООПШТЕНИЕ

           Седницата ќе се одржи на ден 26.09.2019 година (четврток) со почеток во 11,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

За 318-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 26.09.2019 година, со почеток во 11,00 часот

1.Усвојување на:
   • Записник од 316-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 27.08.2019 година.

2.Донесување на Одлука за објавување на Оглас за избор на претседател на Основен суд Радовиш, Основен суд Струга и Основен суд Струмица.

3.Донесување на Одлука за објавување на Оглас за избор на 3 (тројца) судии во Врховниот суд на Република Северна Македонија и тоа за 1 (еден) судија за граѓанска област и за 2 (двајца) судии за кривична област.

4.Донесување на одлуки по поднесени барања од судии за признавање на правото за надоместок на трошоци.

5.Констатирање на престанок на судија-поротник на Основен кривичен суд - Скопје.

6.Редовно оценување на работата на претседателот на Основен кривичен суд - Скопје за 2017 и 2018 година.

7.Донесување на одлуки по поднесените барања за повторно оценување на работата на претседателите на судовите во РСМ за 2017 и 2018 година.

8.Разгледување на Извештај поднесен од Комисија за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
 
9.Разгледување на известувања од комисии на известители за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

10.Формирање на комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

11.Разно.

                 Седницата под точките „6“, „7“, „8“, „9“ и „10“ од Дневниот ред не е јавна.