Соопштение од 216-та седница на Судски буџетски совет - 29.12.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 216-та седница на Судски буџетски совет - 29.12.2023 година
Соопштенија за јавност
|
29.12.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 216-та седница одржана на ден 29.12.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец декември 2023 година во висина од 10% за судските службеници и вработените во Судски совет на РСМ;
- Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец декември 2023 година за членовите на Судски совет на РСМ и судиите;
- Разгледа и усвои Информација за Годишна програма за капитални расходи од Буџет судска власт за 2024 година.