Соопштение од 197-та седница на Судски буџетски совет - 27.03.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 197-та седница на Судски буџетски совет - 27.03.2023 година

Соопштенија за јавност  |  27.3.2023

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 197-та седница одржана на ден 27.03.2023 година го измени дневниот ред и во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет донесе повеќе заклучоци и усвои:

 

  1. Записник од 194-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 13.02.2023 година, Записник од 195-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 24.02.2023 година и Записник од 196-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 13.03.2023 година;
  2. Разгледа и усвои Извештај од Работната група од редот на информатичарите во врска со Барањето на Совет за ИКТ за надградба, инсталација и конфигурација на Femida True Records во судовите на РСМ по донесен заклучок на СБС од 193-та седница;
  3. Усвои Одлука за измена и дополнување на Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2023 година во насока на отстранување на технички пропуст;
  4. Разгледа известување од АС Скопје СУ-03-70/23 од 16.02.2023 година;
  5. Разгледа известување од ОС Велес Су-03.бр.320/16 од 06.03.2023 година;
  6. Разгледа барања и издаде согласност за:
    • вработувања по основ на мобилност со преземање на припадници на судска полиција, без јавен оглас во Управен суд и во Виш управен суд и
    • вработувања по основ на мобилност со преземање на 1 извршител од Министерство за животна средина и на 2 извршители од Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците во Основен суд Тетово;
  7. Под точка Разно усвои измена на решение за капитални расходи на ОС Гевгелија, по барање на судот.

Исто така под точка Разно разгледано е и расправано по Барање од Независен синдикат на судската полиција бр.30-06/23 од 23.02.2023 година и заради прибирање податоци одложено е донесувањето на одлука.

Точката 2-Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец март 2023 година, со предлог одлука, беше тргната од дневниот ред, со укажување дека истата ќе се разгледува на наредна седница на Судски буџетски совет.

Точката 4-Одлука за усвојување на Измена и дополна на  Годишна програма за капитални расходи од Буџет-Судска власт за 2023 година, со предлог одлука, е одложена за наредна седница на Судски буџетски совет.